Сите студенти со проблеми, па и оние од Кембриџ

Студенти во Кембриџ изразија загриженост што се принудени да си купуваат готови пецива откако универзитетската кујна останала без шефот за лиснати теста. Некои велат дека го изгубиле чувството дека се на Кембриџ.

Студенти од прочуениот универзитет Кембриџ кој е формиран пред повеќе од осум века, се пожалија на изборот на кој се принудени после кадровската бежанија од универзитетската кујна поради што се принудени да купуваат пецива од дуќани, наместо фините лиснати теста на кои биле навикнати од мензата.

Поради којзнае какви причини, во последно време се случил „масовен егзодус“ на екипата од кујната која од 15 спаднала на само три лица, а како најголема загуба се смета заминувањето на шефот на лиснати теста, за кој се вели дека бил клучен човек во кујната.

Ваквата ситуација еден студент како опишал како „ужасна“ и се поплакал дека го има изгубено дистинктивното чувство дека е дел од Кембриџ.

Студенти од колеџот Корпус Кристи кој е дел од комплексот Кембриџ отворено проговорија и за тоа дека мора да одат до други колеџи за да си купат нешто за јадење.

5 декември 2021 - 15:34