Резултатот е дека повеќе од половина од глобалните штетни гасови од 1988 до денес потекнуваат од само 25 корпоративни и во државна сопственост ентитети. Во овој период меѓу главните загадувачи се Ексон мобил, Шел, БП и Шеврон. Според извештајот една петтина од емисиите на штетни гасови доаѓаат од јавни инвестиции.
Студија на ЦДП (Carbon Disclosure Project) од 2015, покажува дека компаниите производители на фосилни горива ризикуваат да фрлат над 2000 милијарди долари во следната деценија со тоа што ќе концентрираат на јаглен, нафта и гас, во време кога се постигнува напредок на обновливи извори на енергија, со што ризикуваат губење на инвеститори.
Препораката до инвеститорите е дека треба да излезат од фосилните горива, бидејќи тоа не само што е "морално ризично, туку е и економски ризично. Оние кои ќе останат со инвестиции во фосилни горива ќе сфатат дека нивните инвестиции од ден на ден стануваат се поризични".
Гугл, Икеа, Епл и Фејсбук се дел од речиси 100 компании кои во РЕ100 иницијативата ветија дека ќе се префрлат на користење енергија која е 100% од обновливи извори. Волво неодамна објави дека од 2019 ќе произведуваат само електрични или хибриди автомобили.