
Минатата недела низата беше дополнета со признанието на организаторот дека веројатно нема да се стигне со чистење на заливот во кој треба да се одржуваат натпреварите во веслање, за кој Асошијтед прес пишуваше дека водата е толку загадена што Олимпијците ризикуваат сериозни болести.
Во исто време бразилската претседателка Дилма Русеф е пред губење на власта заради аферата со поткуп во кој е вклучена државната нафтена компанија Петробрас.
Надвор од Бразил, претседателот на Меѓународната унија на велосипедисти, Брајан Куксон, призна дека "ќе биде сериозен предизвик" за организаторот на време да го комплетира велодромот за ЛОИ 2016. Лошото е што не постои план Б за одржување на натпреварите.
"Меѓутоа трката да се постави инфраструктурата до август бледее во споредба со проблемите со кои Бразил ќе се соочи по започнување на игрите. Зика вирусот е закана за секој маж, жена и дете кое ќе присуствува или ќе се натпреварува на игрите. Загадувањето на водата е закана за учеството на повеќе Олимпијци, а безбедносните експерти во и вон Бразил се загрижени за одржување на безбедноста за време на игрите," пишува Џеф Ендрус во текстот за Вокатив.