На почетокот, Кока-кола се смета за "интелектуален пијалак," кој веднаш се шири меѓу белата елита. Меѓутоа, со тек на време компанијата почнува да го флашира пијалакот, со што и малцинствата добиваат пристап до него.
"Секој со никел (паричка од 5 центи) во џебот сега може да го купи пијалакот со кокаин. Белците од средната класа се загрижени дека пијалаците придонесуваат до експлозијата на корисници на кокаин меѓу Афро-Американците. Весниците од Југот пренесуваат за 'црнците на кокаин' кои силуваат бели жени, додека полицијата не може никако да ги сопре. До 1903. првиот човек на Кока-кола, потклекнува пред белиот страв (и најавата за легислатива против наркотиците) и го отстранува кокаинот од пијалакот а додава повеќе шеќер и кофеин во него."
Кока-кола го вади кокаинот од пијалакот некаде околу 1903-та, 11 години пред воопшто да бидат донесени законите против наркотици.
Освен адреналинот и енергијата што ја давал оригиналниот напиток, една од неговите главни карактеристики било и "позитивното влијание на сексуалните органи." Токму оваа карактеристика била еден од главните аргументи на јавноста за негативното влијание што пијалакот го има врз црнците.
И денес Кока-колата содржи кока во неа, меѓутоа без присуство на алкалоидот "ecgonine" кој структурно е сличен со алкалоидот кокаин. Отстранувањето на овој елемент за Кока-кола го врши компанијата Степан од Њу Џерси. Во 2003-та оваа компанија увезува 175.000 килограми листови кока. Ова е доволно да се произведе кокаин во вредност од 200 милиони долари.
Целата приказна со Кока-кола започнува во 1863-та, кога парискиот хемичар Анџело Мариани прави пијалак кој е комбинација на вино и листови кока. Пијалакот експресно станува популарен. Го користат Жил Верн, Александар Дима и Артур Конан Дојл.
Забележувајќи го успехот на виното на Мариани, др. Џон Стит Пембертон од Атланта прави своја верзија и ја нарекува "Француското кока вино на Пембертон". Само што почнува Пембертон со работа, во САД е воведена прохибицијата на алкохол. Наскоро, виното станува нелегално - не заради кокаинот, туку заради алкохолот. Заради ова Пембертон решава наместо со вино, листовите кока да ги меша со пченкарен сируп, со што ја добива првата верзија на денешната Кока-кола.