По речиси 20 години под Путин аналитичарите инстантно го објаснија неодамнешниот состанок меѓу првиот човек на Думата, Вјачеслав Володин, и Путин како разгазување на терен за уставни промени кои ќе му дозволат на Путин да остане на власт и по крајот на неговиот сегашен мандат во 2024.
Изјавата на Володин која предизвика паника е дека има отворени прашањa во општеството на кои треба да биде одговорено, без притоа да се поткопуваат фундаменталните одредби на Уставот, дополнувајќи дека „законите, дури и оние како Уставот, не се догма“.
„Тоа беше многу тешко време. Време кога државата беше на раб од колапс, кога општествените обврски не се исполнуваа, кога нашите граѓани немаа доверба во властите,“ изјавил Володин зборувајќи за рускиот Устав донесен пред 25 години.
Имајќи го ова предвид тој предложил судиите на Уставниот суд и други правни експерти да се вклучат во напорите за разгледување „како Уставот и нормите за развивање на Уставот одговараат на начелата кои се донесени.“
Официјалниот транскрипт од средбата не споменува дека Путин одговорил на предлогот на Володин.
Запрашан околу изјавата на Володин, портпаролот на Путин, Дмитри Песков, изјавил дека „се уште нема позиција околу ова прашање“, и дека моментално не се работи на никакви можни амандмани.
Кога во март годинава беше избран за нов 6-годишен мандат, Путин ја отфрли веројатноста повторно да се кандидира по завршување на мандатот, порачувајќи „што ќе правам, да останам до 100 години? Не.“
Пред Володин, на почетокот од месецов Путин порача дека уставот „не е некој фосилизирана правна творба, туку жив организам кој се развива“.
Инаку Путин, кој сега има 66 години, веќе 18 години владее со Русија.
Според аналитичарите, процесот за штелување на Уставот би можел да започне во 2020.