Перфектниот фудбалски негативец

Текстот го објавува Вол Стрит Журнал и тоа цел ден пред Варела да им даде гол на САД во 95-та минута. Во него главен лик е суперѕвездата на Реал Мадрид и црната овца на фудбалските медиуми во светот - Кристијано Роналдо.

Медиумите постојано го критикуваат заради неговата ароганција и себичност. На ова Роналдо скромно одговара дека тие само ја имаат помешано неговата самодоверба со ароганција, и после сето ова ќе му пропадне кога ќе даде изјава како пред натпреварот со Германија:

"Мислам дека нема што било да му покажувам на кого било. Погледни ги моите статистики и моето CV, немам што да докажувам. Мојата кариера до сега беше одлична и само сакам така да продолжи."

По изјавата медиумите се стрпија да го изгледаат натпреварот Германија - Португалија, и кога Германците победија со 4:0, а Роналдо имаше еден од најбледите настапи, следниот ден насловните во светските медиуми беа:

- "Изгуби, плејбој" бразилски Folha de S. Paulo
- "Ро-НИЛ-до" германски Билд
- "Сенка од самиот себе" шпански Ел Мундо Депортиво

Бразилскиот новинар Марио Магалеш на својот блог напиша: "Никога немало поодвратен фудбалер од Кристијано Роналдо. Тој ја искривува благородната идеја за фудбалот како колективен договор. Тој претставува климакс на нашето нарцисистичко време."

Откако заврши натпреварот со Германија, Роналдо се направи за да го рехабилитра повреденото колено за да може да настапи за Португалија во клучниот натпревар со САД. На крај благодарејќи на нафрлувањето на Роналдо, Варела успеа на 20-секудни пред истекот на продолжението да им даде гол на САД, со што изедначи и ја одржа Португалија во игра.

"Па зошто е оваа екстремна антипатија? Дали е заради платата од 21 милион евра. Дали заради сериските врски со супермодели? Дали е заради стомачните мускули кои никогаш не му досади да ги покажува за време на загревањето или по давањето голови? Или заради неговата навика да ги користи џиновските видео екрани на стадионите како одгледало за проверка на фризурата?" прашува Рид Џонсон во текстот за Вол Стрит журнал.

Тој објаснува дека која и да е забелешката за Роналдо, таа не е ни приближно уникатна за него, ниту пак прв пат се случило спортист да се однесува како него.

Џонсон потсетува дека Роналдо цело ова време нема ниту еден грев како некои други врвни спортисти:

- Фаулот на Зидан против Матераци, во финалето на мундијалот 2006-та, што беше една од главните причини за поразот на Франција.

- Бегањето и целото шоу што ЛеБрон го направи со напуштањето на Кливленд, во замена за подобар град и повеќе пари.

- Суарез иако беше обвинет за расизам и дека гризнал противнички играч, сепак беше дочекан како херој на насловните на светските медиуми по двата гола и победата против Англија.

"Ниту пак Роналдо е првиот фудбалер што е обележан со М зборот, 'метросексуалец,' термин кој практично беше создаден за да се опише Дејвид Бекам. Разликата е што Бекам беше доволно паметен да не ја сфаќа премногу сериозно постојаната промена на фризури и модни стилови. Во британската традиција на големи поп камелеони, тој постојано испробуваше нови идентитети и неспоиви карактери, заради кои и најскептичните спортски новинари некогаш ќе се насмееа.

Од друга страна Роналдо изгледа замрзнат во ригидно беспрекорната претстава за себе, до најмали детали како одржувани веѓи. Ова се вклопува со впечатокот, точен или не, дека тој не е вистински тимски играч, туку разгален самотник.

Она што никој никогаш сериозно не го оспорил е неговиот талент. Ако тој се собере и изигра против САД како што треба, тоа нема преку ноќ да го направи глобално обожуван лик, ама ќе биде тешко да се оспори неговата посветеност на репрезентацијата и земјата. Овој пат, Роналдо има да докаже повеќе отколку што тој мисли," објаснува Џонсон.

23 јуни 2014 - 10:49