Италијански град се затвора затоа што никој не се појавувал на работа

Градското собрание на Боскотреказе, кое одговара за популација од 11.000 луѓе, ќе мора да затвори затоа што остана без персонал откако неговите вработени беа уапсени за бегање од работа.

Во вторникот се затворени четири клучни оддели на градското собрание, а добар дел од вработените се суспендирани на меѓу 6 и 12 месеци (со можност за отказ) откако биле фатени како избегнуваат работа. Во својата капитулација, градоначалникот Пиетро Каротенуто за Скај Италија изјавува "веројатно ќе мора да го затворам градското собрание."

Ројтерс објавува дека полицијата уапсила 23 вработени во градското собрание откако истрагата открива 200 случаи на недозволено избегнување работа, "вклучувајќи и вработени кои користат повеќе картички за регистрирање на времето и во име на своите колеги кои не се присутни." Меѓу уапсените се началникот на локалната сообраќајна полиција, и раководителот на одделот за сметководство.

Меѓу случаите има и видео снимка од вработен кој прво се обидува да ја измести безбедносната камера, па потоа става картонска кутија на главата за да го скрие својот идентитет пред да се регистрира со две картички. Исто така имало и класични финти за забушавање како регистрирање и веднаш напуштање на работното место, па враќање дури на крај од работниот ден.

14 јули 2016 - 10:28