Одлуката на германското министерство за животна средина се базира на извештаите дека сечењето на амазонската шума ескалирало откако Болсонаро е дојден на власт. Се работи за 35 милиони евра со кои германската влада го финансира проектот за поддршка на Амазон.
Одлуката на германската влада Болсонаро ја сфати како издржана критика во која му се предочува штетноста од сечењето на амазонската шума и како тоа има сериозни последици врз планетата. Нормално дека не, туку и’ врати на Меркел со:
„Би сакал да и испратам порака на саканата Ангела Меркел. Земи си ги парите и пошумија Германија, ОК? Таму е многу попотребно отколку тука.“
Главниот страв околу Болсонаро е дека да е до него тој целосно би ставил крај на заштитените региони во Амазон.
Неделава слична одлука донесе и норвешкото министерство за животна средина, кое ќе сопре над 30 милиони евра во субвенции за Фондот за Амазон. Причината е стапката со која се сече амазонската шума по доаѓањето на Болсонаро на власт. Во последниве 11 години Норвешка во фондот има донирано над 1,08 милијарди евра.
Болсонаро и на тоа реагираше речиси идентично како со Германија:
„Нели Норвешка беше таа што убива китови таму на Северниот пол? Нели исто така таму бара нафта?
Земете си ги парите и одете да и помогнете на Ангела Меркел да ја пошуми Германија.“