Финска организира „Мастер клас за среќа“

Најсреќната земја на светот (според извештајот по кој ние доста објективно сме проценети како најнесреќни луѓе на Балканот) почна да нуди курсеви за странци кои ќе доаѓаат таму ќе бидат учени како да бидат среќни. Ок, ќе отидеме, ќе го завршиме курсот со одлична оценка и што после кога ќе се вратиме овде?  

Шеста година по ред Финска е прогласена за земја со најсреќните луѓе на светот, според глобалните извештаи изработени од независни експерти кои притоа мерат дузина параметри, од приходи до ментално и физичко здравје.

Овој константен успех  државата реши да го претвори во франшиза па почна да нуди „Мастер клас за среќа“ за групи од по 10 луѓе кои ќе заминат таму и ќе бидат обучени како да ја најдат сопствената среќа и раат.

Сметаат дека тоа може да се изведе за само 4 дена за кои комплетно ги покриваат трошоците, од патување до сместување (со приватна сауна и спа). Во меѓувреме, на посетителите на курсот ќе им бидат обелодени активностите кои локалците ги прават среќни, од престој во природата до рачна изработка на предмети и приготвување храна.

Финска е убедена дека среќата не е е некоја мистична состојба туку вештина која може да биде научена.

„Можеби во тебе чучи Финец,“ гласи еден од слоганите на кампањата за мастер класот.

Аплицирањето е отворено до април.

 

 

23 март 2023 - 09:40