Нивните тестирања покажале дека општото ниво на радијација е намалено но клучните изотопи како што се цезиумот и стронциумот се уште ги има наоколу, особено во шумите. И ја трујат и храната и водата која се користи.
Од хаваријата на нуклеарката во 1986-та година па до денес, тие луѓе секојдневно живеат во недозволени количини радијација. Извештајот наведува дека во некои случаи, како што се житните култури, контаминацијата на зрната денес е и поголема отколку порано.
"Илјадници деца, родени и 30 години после хаваријата, секојдневно пијат контаминирано млеко," стои во рапортот.
Како и секогаш, најпогодени се сиромавите кои баш и немаат голем избор околу храната. "Знам дека насекаде има радијација. И во лебот кој го печам и во млекото кое им го давам на децата. И се разбира дека тоа ме секира, но, што да правам?", вели една самохрана мајка на две мали деца.
А заради кризата, Украина ги има укинато мерките за заштита на јавното здравје во погодените региони. Русија и Белорусија не брзале да коментираат како е ситуацијата кај нив.
Гринпис вели дека мерките околу Фукушима се нешто подобри но дека и јапонската влада не ги има спроведено сите мерки за да се спречи повторно загрозување на областите кои веќе биле деконтаминирани.
Во сторијата на Њусвик се вели дека радијацијата на некои места е толку голема што и специјалните роботи направени за таа намера цркнуваат кога ќе се најдат на теренот.
Реакторите на Фукушима пред 5 години беа погодени од големо цунами по што дојде до сериозна хаварија на нуклеарната централа од која загинаа 19.000 луѓе.