Околу 300 сериозни огласувачи, меѓу кои и гиганти како Кока-Кола, Унилевер, Старбакс и слични, решија да ги паузираат своите реклами на Фејсбук додека платформата не стори нешто повеќе за модерирање на содржината, поконкретно околу говорот на омраза.
„Фасцинантно е колку луѓе не можат да ја видат суштината на сево ова, дека ултра богати луѓе сакаат да одредуваат што можеме да видиме, прочитаме или кажеме онлајн,“ пишува Том Слејтер.
Слуачјот се разви после два твита на Доналд Трамп кои Твитер ги обележа како спорни. Истите содржини Фејсбук ги остави без дополнителни етикети, аргументирајќи доста разумно дека компаниите кои водат социјални медиуми не би требало да се мешаат во тоа како избрани политичари ќе им се обраќаат на гласачите. Тоа предизвика гнев кај огласувачите кои почнаа театрално да го напуштаат Фејсбук, како знак на протест против неспречувањето на "реторики кои носат омраза".
Гледајќи дека работата станува сериозна, Фејсбук најави дека во иднина и државниците ќе ги подведува под истите правила како оние на Твитер ама па сега, јуришниците велат дека и решенијата на Твитер се недоволни. Се чини некои луѓе нема да бидат задоволни сè додека Трамп трајно не биде забранет од социјалните медиуми.
Што и да мислите за Трамп, овде не се работи за него. Слободата на мислата и говорот е неотуѓиво право луѓето сами да проценуваат и решат што ќе мислат и зборуваат. Цензурата секогаш повеќе била правдана со „лесноумноста на народот“ отколку со опасноста на говорникот. Тоа се гледа и во оценката на првиот човек на организацијата „Бојата на промената“, Рашад Робинсон, дека е недозволиво на јавноста да ѝ се дозволува да суди за себе дали нечие тврдење е вистинито или лажно.
Се разбира, ова нема да сопре кај Трамп. Фејсбук и Закерберг не се никакви бастиони на слободата но вредна е нивната порака дека нема да ја минуваат онаа линија после која компанијата ќе стане „арбитер на вистината“.
„Милијардери да одредуваат што ќе читаме и зборуваме а да добиваат аплаузи од либералите и новите левичари, тоа е комплетно дементно,“ пишува Слејтер.