Слобода на говор:

Британија се претвора во Источниот блок

Исто како некогаш во земјите од источниот лагер, луѓе на Запад денес се плашат да зборуваат отворено за своите ставови и мислења од страв да не ја нарушат официјалната догма и да бидат јавно жигосани од оние напорните кои доминираат со јавната сцена.

Кога во 1987 година отишол да посети пријател во Варшава, на Вилијам Клоустон, денес лидер на британската Социјалдемократска партија, му било јасно дека треба да внимава што зборува а полските пријатели му објасниле дека во таа земја постојат три вистини:

Првата е Правда-шката вистина -  тоа е она што се печати и објавува во државните весници, радија и телевизии и се сведува на гола пропаганда во која Полјаците не веруваат, дури и оние кои работат во тие медиумски каиши за трансмисија на официјалната идеологија.

Втората вистина била „што чув на работа“, тоа е е она што луѓето го зборуваат со своите колеги во фабриките, дуќаните, болниците... - тоа е поблиску до вистината, но, треба човек да е претпазлив: некои колеги можеби се провокатори.

Третата вистина во Полска зад железната завеса била „вистината од вечерата“ - тоа е кога луѓето конечно можат да бидат искрени и отворени бидејќи се дома, во својот круг на луѓе.

„35 години подоцна, се чини дека Источна Европа и Велика Британија ги имаат заменето местата. Тоа првпат го насетив по гласањето за Брегзит во 2016 година, кога интелектуалци кои ја поддржуваа идејата за заминување беа премногу уплашени отворено да го бранат својот став кој го имаше и 52% од електоратот. Стравуваа дека ќе бидат јавно исмеани, осудени како националисти или расисти и избркани од работа.“

Во денешна Британија, Клоустон смета дека Правда-шката вистина ја тера ББЦ кој е накркцкан со либерали кои, на пример, хистерично ширеа морална паника околу БЛМ. Игнорирајќи ги истражувањата кои покажуваат дека не постои расен диспаритет во тоа на кого вади пиштол американската полиција (вклучувајќи студии и на крем-институции како Харвард), јавниот бродкастер вадеше запалливи наслови од типот „Зошто американските полицајци продолжуваат да убиваат голораки црни луѓе?“

Човекот се надева дека исто како и во Полска некогаш, и во Британија денес, таа вистина на официјалната „Правда“ ќе се убива со хумор и исмевање, како што им се случи на ББЦ по социјалните мрежи откако еден протест на кој беа повредени 35 полицајци, тие го оценија како „главно мирен.“

Но Клоустон верува дека постои потреба и од подиректна конфронтација со оние кои би да ја ограничуваат слободата на мислата и говорот. Првенствено така што ќе се зборува отворено и јасно и гласно. Многумина молчат затоа што мислат дека се сами и изолирани и токму тоа им дава простор на хистеричните хипер-активни прогресивци да доминираат со јавната сцена.

*******

Види и:

Woke култура: Саде стапови, нигде морков

28 јули 2020 - 09:07