Принцот подарокот го обзнанува на Твитер, за после некое време да се премисли и да го избрише твитот. Меѓутоа понудата веројатно се уште важи.
#Saudi pilots joined #Yemen strikes to be rewarded with #Bentley cars, accrd to now-deleted #Tweet by @Alwaleed_Talal pic.twitter.com/KWyJXC6Hvy
— Mohamed Othman (@Othmanbay) April 22, 2015
Во твитот принцот порачува: Честитам на вашиот успех во операцијата Одлучна бура и започнувањето на операцијата Враќање на надежта. Како благодарност за 100-те саудиски пилоти кои го извршија ова, јас ќе им подарам 100 Бентли автомобили.
Освен што е принц на саудиското кралско семејство, Ал Валид во своето портофолио има и 95% од конгломератот Кингдом холдинг компани, а во медиумите е и познат по тоа што го тужи Форбс затоа што напишале дека има богатство од 20 милијарди долари, а тој инсистира дека вреди 30 милијарди долари.
Инаку, принцот има и приватен Боинг 747, а неговото седиште во авионот изгледа вака:
Тој е и еден од големите акционери во Њуз Корп. на Мурдок, компанијата сопственик на Фокс Њуз.