Опсежното истражување на слободата на говор, кое вклучува 203 факултети и 45.000 студенти, покажало дека 59% од студентите не би им контрирале на своите професори.
На 48% од студентите би им било незгодно да ги искажат своите ставови за контроверзни политички теми, а на 60% би им било непријатно да изразат мислење за кое би верувале дека е непопуларно дури и преку социјалните мрежи.
„Ваквата состојба е рефлексија на општата атмосфера во општеството“, смета еден од истражувачите, Адам Голдштајн.
42% од конзервативните студенти, и 13% од либералните, не се чувствуваат слободно да кажат што мислат, а 63% од испитаниците ги плаши тоа дека можат да си ја загрозат репутацијата ако бидат погрешно сфатени.
Абортусот, расната нееднаквост, и задолжителната вакцинација против ковид се рангирани како три најконфликтни теми за расправа.
59% до 73% од студентите биле против тоа да им се дава простор за настап на контроверзни конзервативци, додека за контроверзните помеѓу либералите, отпорот варирал од 24% до 41%. 62% од студентите пак сметале дека замолчувањето на некои од говорниците е донекаде оправдано, додека секој петти студент би оправдал и насилно замолчување на говорници.
Врз основа на седум параметри, меѓу кои отвореноста да зборуваат за жешки теми, толеранцијата кон поинаквите ставови и слично, изработена е ранг-листа на која најлошо стои Колумбија, а најдобро Универзитетот во Чикаго.
Прашањето дали цензурата потекнува од институцијата или од студентите, е како со јајцето и кокошката. Некогаш студентите бараат ограничувања, или пак нив ги воведуваат факултетите, вадејќи се на студентите.
„Ако школи ограничувале откако е светов и веков, сосема нова појава е големи групи студенти, сами да бараат нечие цензурирање и замолчување“, забележува Голдштајн.