Ваквиот заклучок од студија објавен во магазинот Nature е синтетизиран од проценките на 11 влијателни експерти за клима и за конфликти од различни академски инстанци, од Осло до Стенфорд.
Во последните 100 години, климатските промени имале улога во само 5 проценки од воените конфликти. Но, кога просечните температури ќе достигнат плус 2 степени од прединдустриското доба, влијанието ќе биде 13%. Ако добациме до плус 4, влијанието ќе биде 25%. Моментално сме на плус 1 целзиус а според сегашната поставеност, речиси е сигугрно дека ќе дојдеме до плус 2.
Механизмите по кои ќе се одвива оваа врска се разбирливи: повисоките температури, сушите и поплавите ќе создаваат економски шокови, ќе гидесеткуваат жетвите, храната ќе поскапи, ќе се продлабочи сиромаштијата и гладот и ќе се зголемат тензиите меѓу групите меѓу кои ќе постои сè поголема нееднаквост.
Експертите се согласуваат дека сите познати мерки за ублажување на конфликтите ќе бидат немоќни да направат пресврт во ваквиот епилог.