Иако прашања кои итно мора да се одговорат, впечатокот е дека владата на АКП и Ердоган претпочита тие да останат неодговорени.
Прво, кратко сиже: според едно тврдење на 15 јули во 14 часот, а според друго во 16 часот, сигнали за вонредна активност на одредени воени единици стигаат до Националната агенција за разузнавање и генералштабот.
И покрај овие информации:
- Канцеларијата на шефот на генерал штабот кога е информиран за обид за пуч, дава наредба авионите и хеликоптерите да не летаат, а оклопните возила да не ја напуштаат базата. Наредбите се игнорирани... и се знае дека дел од командантите и високите офицери биле на свадба таа вечер. Дел од нив се уапсени на свадбата од страна на пучистите.
- Шефот на генералштабот и неговиот заменик се уапсени од пучистите во нивните канцеларии. Тие се малтретирани додека биле пренесувани во базата во Акинчила, за која се верува дека е нервниот центар на пучот.
- Во меѓувреме, премиерот Јилдирим се обидува со автомобил да патува од Анкара до Истанбул. Меѓутоа заради страв да не биде заробен од силите на пучистите, се крие во куќата на еден владин функционер во покраината Кастамону.
- Премиерот Ердоган, како да нè исмева сите нас, подоцна вели дека за обидот за државен удар чул од својот зет. Ако тој чул за пучот од својот зет, шест или осум часа откако информацијата стига до властите, тогаш одговорните страни би требало да бидат во центарот на овој пуч.
- Шефот на генерал штабот беше спасен од луѓето што го заробија. Потоа беше откриено дека генералот што го придружуваше назад во неговите канцеларии е еден од пучистите.
- Чудната природа на сите овие факти секому е очигледна: меѓутоа секој од овие луѓе - од оние кои ги пренесувале разузнавачките податоци, до претседателот и премиерот, до оние кои биле на свадбата, до политичарите и функционерите со и без униформа за кои не се знае кај биле или што правеле во тие шест (или четири) часа - сите тие се уште се на своите позиции.
Секој од овие параграфи со тврдења всушност се прашања. Да се прифати дека тие треба да останат неодговорени е откажување на нашите права како граѓани според Уставот. Јас сум граѓанин и јас нема да се откажам од моите права. Ќе продолжам да ги поставувам прашањата се додека не се одговорени.