Чуму тревожењето? Повеќе нема долгорочни шанси за мир и безбедност во Европа без промена на режимот во Русија. Русите веќе го дискутираат тоа, тивко, од очигледни причини. САД и останатите што се преправаат дека ова не е тема, попрво ќе направат штета отколку добро.
Без разлика на неодамнешното воено напредување на Киев, Западот и понатаму нема заедничка дефиниција за „победа“ во Украина. Путин „анектираше“ четири украински области, кои му се приклучија на Крим, „анектиран“ во 2014. Војната продолжува, создавајќи голем број жртви и економска болка за Русија. Опозицијата на Путин расте, млади мажи ја напуштаат државата. Секако и цивилните и воени жртви на Киев се високи, а физичкото уништување е огромно. Надевајќи се дека ќе го заплаши НАТО, Москва повторно реторички споменува нуклеарни оружја, и ги саботираше цевките на Северен тек. Европа е загрижена за претстојната зима, а сите се загрижени околу издржливоста на европската решителност. Никој не предвидува примирје или сериозни мировни преговори во скоро време, или како потоа да се одржат „нормални“ врски со режимот на Путин.
За да се избегне војната бескрајно да трае, ние мора да ја промениме денешната равенка. Внимателно помагање на руските дисиденти да предизвикаат промена на режимот може да е правилниот одговор. Русија, очигледно, е нуклеарна сила, меѓутоа тоа не е ништо повеќе аргумент против промена на режимот отколку што е против вооружување на Украина. Претпазливоста на Белата куќа од поголем конфликт веќе му дава сила на Кремљ, кој нè обвинува за „сатанизам“, да тврди дека Америка се обидува да ја собори руската влада иако Бајден нема направено такво нешто. Само да потсетам, Кремљ го прави ова со децении. Бидејќи веќе сме обвинети дека го саботираме Кремљ, зошто и да не го направиме тоа?
Пречките и сомничавоста кои ја блокираат промената на режимот во Русија се значителни, но не и ненадминливи. Критично е дефинирање на „промената“ бидејќи таа мора да опфаќа далеку повеќе од едноставно менување на Путин. Од неговиот внатрешен круг, неколку потенцијални наследници би биле уште полошо решение. Проблемот не е еден човек, туку колективното раководство создадено изминативе две децении. Ниту една цивилна власт не постои за да предизвика промени. Мора да се смени целиот режим.
Предизвикувањето вистинска промена на режимот без сомнеж е најтешкиот проблем, но тоа не бара странски воени сили. Клучно е самите Руси да ја ескалираат поделбата меѓу оние со вистинска моќ, луѓето на власт. Недоразбирања и анимозитети веќе постојат, како и во сите авторитарни режими, и можат да се искористат како што дисидентите ќе одлучат. Борис Јелцин застанат на тенк во 1991 сведочеше на распаѓањето на советската владејачка класа. Кога еднаш поврзаноста и солидарноста на режимот ќе се распаднат, поделбата е можна.
Во руската војска, разузнавањето и министерството за внатрешни работи, секако постои шокираност, гнев, засраменост и очај од перформансите на Москва пред и за време на сегашната инвазија во Украина. Како и многу пучеви во земјите од третиот свет, промената на режимот најверојатно нема да дојде од највисоките функционери и офицери, кои се лично премногу вложени во режимот на Путин, ниту од рангот на ангажираниот персонал и пониски бирократи. Тој доаѓа од полковници и генерали со една ѕвезда, и ним рамни од цивилните агенции, каде најверојатните конспиратори почнуваат да ги земаат работите во свои раце. Ова се носители на одлуки кои дисидентите мора да ги откријат, да ги убедат и да ги поддржат во менувањето на режимот. Очигледно, посакуваниот привремен исход не е директно воена влада, туку транзициска власт кој може да ги држи конците дур се донесе нов Устав. Оваа фаза сама по себе е многу ризична, но неизбежна имајќи ги предвид сегашните руски домашни политички структури.
Луѓето од надвор ќе можат да помогнат на многу начини, вклучувајќи го и зголемувањето на внатрешната комуникација на дисидентите и комуникацијата со нивната дијаспора, и најважното засилување на програмите за пренесување на информацијата во Русија (искомплицирано од долгиот пад на американските информациско-државнички капацитети). Финансиската поддршка, посебно имајќи ги предвид руските економски услови, која и не мора биде огромна, исто така ќе биде клучна. Тоа што Вашингтон јавно го вели за промената на режимот треба да биде усогласено со дисидентите и другите странски сојузници. Можеби е невозможно нашите постапки да бидат тајни, меѓутоа веројатно не постои потреба зошто тие да се трубат.
Некои ќе се противат дека странското мешање ќе ги компромитира дисидентите, што ќе и отвори простор на пропагандата на Путин. Краткиот одговор е дека тој веќе ја користи оваа поента, и ќе продолжи, што и да направиме ние. Нашата мерка треба да биде дали самите дисиденти ја ценат надворешната помош. Најверојатно, нивната анализа за корисноста ќе покаже дека нашата помош е подобредојдена мерено во споредба со стравот од анти-американската реторика на Путин. Русите и до сега сè имаат слушнато.
На крај тоа што следува по режимот на Путин е најкритичното прашање. Русите веќе ги разгледуваат своите опции, како и што треба да прават, бидејќи нивна главна задача е да формираат влада наследник. Доволно грешки се направени по распаѓањето на Советскиот сојуз што скромноста во идното планирање на оваа рунда е целосно гарантирана, и нагласува зошто е неопходно итно истражување и планирање.
Очигледната стратешка цел на Вашингтон е Русија да биде сојузник на Западот, кандидат за НАТО, како што се надевавме по падот на СССР. Други може да бидат незадоволни од таквата нова Русија. Тешко Кина дека ќе биде среќна од промена на режимот што се претвора во помал партнер на Пекинг, ако не и директен сателит. Кинеските напори да се поддржи Путин, па дури и воено, не треба да бидат исклучени.
Додека руската промена на режимот може да е застрашувачка, американската цел за мирна и безбедна Европа, на која епизодно се работи повеќе од еден век, останува централна меѓу нашите интереси. Сега не е време за срамење.