- Ако направиш анкета на тема доверба во Данска или Германија, нашата професија, новинарството, би се нашла некаде меѓу продавачи на автомобили и агенти за недвижности, можеби малку над проституција ама не многу.
- Зошто луѓето не им веруваат на политичарите? Затоа што постои разлика меѓу тоа што го зборуваат и тоа што го прават. Од каде тогаш падот на довербата во медиумите што го гледаме низ цела Западна Европа? Затоа што луѓето во се поголеми бројки забележуваат разлика меѓу она што сме ветиле дека ќе им го дадеме и она што им го испорачуваме. Ако се ставиме себе си пред огледало и сме искрени за тоа што го гледаме, тогаш ни е јасно дека ние не сме им ја дале најдобрата достапна верзија на вистината што сме ја ветиле.
Не, ние им го даваме делот од вистината што сме мислеле дека или ќе се продава, ќе донесе клик, многу гледачи или големи тиражи. Или она што ние како луѓе, организации или елита мислиме дека е најдобро за општеството, за правецот во кој ние сакаме да се движи општеството. Па, новинарството е киднапирано од луѓе кои се грижат повеќе за крајните резултати, за бројките, отколку за влијанието и значењето на она што ние го правиме и зошто сме тука.
- Киднапирано е од активисти преправени во репортери кои не влегле во новинарството заради желбата да им помогнат на луѓето да оформат сопствено мислење за важни работи во општеството, туку кои навистина се трудат да ги изманипулираат луѓето да имаат исти ставови за светот како и тие. Ова не е новинарство, туку е политика.
- Потоа киднапирано е од политички коректните, и тоа го гледаме во Германија, во Франција, во добар дел во Шведска, па и во Данска, каде медиумската елита и политичката елита се обидуваат да го избегнат потпалувањето на тенденции во општеството кои не ни се допаѓаат. Не ни се допаѓаат фашисти, не ни се допаѓаат работи кои мислиме дека ќе завршат како во 30-те и 40-те години во Германија, се плашиме од некои тенденции... И ова создаде толкава политичка коректност, што многу медиуми го игнорираа веројатно најголемиот проблем со кој нашиот континент се соочува во последните 25-30 години, а тоа е имиграција и луѓе кои доаѓаат од различни култури, дали треба тука да живеат. Ние никогаш не сме имале права дебата околу тоа, а и дебата околу бегалците постојано се води меѓу две крајности.
Целиот разговор со Улрик Хагеруп: