Реконструкцијата на живеалиштата во Зоолошката градина Битола се одвиваше во рамките на проектот " Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин- ЗОО иноватива", финансиски поддржан од страна на делегацијата на Европска Унија и Министерството за локална самоуправа, во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција.
Во официјалниот дел на Промотивниот настан поздравни обраќања ќе имаат: д-р Ѓорге Иванов (претседател на Р. Македонија), г-дин Робин Лидл (Министер Советник- Делегација на Европската Унија), г-дин Заменик Министер за локална самоуправа , г-дин Љупчо Пренџов, д-р Владимир Талески, градоначалник на општина Битола, и директорката на Центарот за развој на Пелагонискиот регион, г-а Емилиа Ѓероска.
Во музичкиот дел од Промотивниот наста ќе учествуваат музичките звезди Ламбе Алабаковски со детскиот хор Звончиња, Паркети, Бојан Стојоков, детските звезди од музичкиот фестивал Тра- ла- ла , детската транцова група Степ Ап. Промотивниот настан ќе биде збогатен со анимациски содржини наменети за најмладата попоулација, а ќе бидат доделени и голем број на промотивни материјали за сите посетители на настанот.
Центарот за развој на Пелагонискиот регион го реализира овој проект во партнерство со општина Битола и Зоолошката Градина во Битола, како и со општината Лерин и Регионалната развојна Агенција од Лерин, Република Грција.
(комерцијален текст)