„Последниве години никој не зборува за разузнавачки агенции, туку за приватниот сектор. Сега интернет компаниите знаат повеќе за мене, за тебе, за секого во салава отколку која била разузнавачка агенција што некогаш можела да знае за нас.
Скандалот со Кембриџ аналитика, начинот на кој нашите лични податоци кои беа слободно дадени во замена за тоа бесплатно да можеме да го користиме интернетот за да пребаруваме и такви работи.. тие информации се монетизирани, тие се продадени.
Тоа е сега суровина за политичката кампања каде политичката партија може да испрати различни пораки до различни групи на луѓе бидејќи тие веќе знаат најверојатно кои се политичките преференции на поединецот,“ објаснува Дејвид Оманд поранешниот прв човек на GCHQ, британската разузнавачка служба задолжена за следење на сите видови комуникации.
Иако пензиониран веќе 15-на години, Оманд објаснува дека за разлика од сеопфатноста на технолошките компании, во негово време шпионските служби за да почнат да собираат податоци за некого морале да имаат налог потпишан од судија, да бидат контролирани од „армија инспектори“ и останат апаратус кој осигурува дека тоа нема да се злоупотреби.
„Ама никој не успеа да смисли како да се контролира приватната употреба на нашите информации,“ вели Оманд.
Оманд кариерата од почеток до крај ја минува во шпионските служби на Британија, а муабетот му е од еден литературен фестивал во Британија каде ја промовира својата книга „Principled Spying: The Ethics of Secret Intelligence“.