До сега правилото беше дека провајдерот може во реклама и понуда како најголема брзина да го наведе просекот што го добиваат 10% од корисниците со најбрз интернет. Па затоа и „брзина до 5 мегабити“ не мора да значи дека сите корисници ќе имаат 5 мегабити, туку доволни се само 10% од нив.
По новото правило, кворумот е одреден на најмалку половина од корисниците, со посебен пресврт, во време на највисок пик на сообраќај за провајдерот.
Одлуката доаѓа откако британската АСА (Advertising Standards Authority) направи анализа на тоа како потрошувачите ги разбираат тврдењата на провајдерите во врска со интернет брзините. Заклучокот е дека голем дел се збунети и не разбираат дека рекламираните брзини никогаш нема да стигнат до нивниот дом.
Освен новото потребно мнозинство за да истакнат брзина во реклама, провајдерите во иднина ќе треба да го користат терминот „просечна брзина“ наместо „брзина до“.
Очекувањата се дека со новите промени пакетите кои претходно биле рекламирани како „до 38 мбпс“ (мегабити во секунда) сега најверојатно ќе паднат некаде помеѓу 24 и 30 мбпс. Додека услугите рекламирани како брзини до 76 мбпс ќе се симнат на некаде меѓу 45 и 55 мбпс.