Партнерската програма им дозволуваше на компаниите што се рекламираат на Фејсбук да користат податоци од надворешни компании за таргетирање на конкретни муштерии. Укинувањето на оваа програма се прави во име на „заштита на корисниците“.
Сепак, има и други теории што стои зад одлуката.
1. Фејсбук гаси функционалност која не е ни најмалку важна, и извади одличен пи-ар од тоа.
Со тоа што нема да можеш да ги таргетираш корисниците на Фејсбук по основа на податоци за нивното однесување надвор од Фејсбук (што купувале, ги интересирало, сурфале...) компанијата сака да покаже дека „ги слуша забелешките“ на јавноста.
Со тоа што Фејсбук е Фејсбук, малку е веројатно дека би направиле што било што сериозно ќе му наштети на продавањето реклами, и дека е поверојатно дека со прекинување на програмата Фејсбук елиминира не витален извор на приходи.
„Секако дека одредени категории (на огласувачи) ја користат алатката за податоци од трети страни. Меѓутоа имаме тон клиенти кои воопшто не ги ни допираат овие опции. Интеграцијата на податоци од трети страни не е силна страна на Фејсбук,“ објаснува ЦЕО-то на компанијата за купување дигитални реклами 4Ц, Ленс Нојхаузер.
2. Фејсбук знае дека никогаш нема да ги усреќи големите ТВ брендови, па престана да се обидува.
Брендови како Проктер и Гембл, и Унилевер веќе подолго време ги намалуваат своите реклами на Фејсбук, по основа дека платформата не е баш најдобра за таргетирање. Па наместо ним да им нуди напредни опции и можности за споредување на најразлично однесување на корисниците, тие се префрлаат на угодување на интересите на огласувачите на кои им се доволни податоците што достапни директно од Фејсбук.
3. Од страв да не биде претерано регулиран, Фејсбук превентивно почнува да крати сервиси за кои би можел да се пофали на сослушувањата пред Конгресот.
4. Фејсбук мора да го направи ова за да ги исполнува правилата од новите европски закони.
Во мај во ЕУ на сила стапува ГДПР (General Data Protection Regulation), кој ќе влијае на секоја глобална дигитална компанија. Во основа законот предвидува дека сите огласувачи, платформи и компании ќе треба да добијат јасна дозвола од своите потрошувачи за да ги користат нивните податоци за таргетирање реклами.
Процената е дека иако барањето важи на територија на ЕУ, тешко дека ФБ ќе држи два паралелни системи, што само би ја искомпликувале платформата.