Што му е проблемот на еврото?

Откако го достигна врвот во 2007-ма со курс од 1 евро за 1,57 долари, и период во кој Алан Гринспан прашува дали е време еврото да го замени доларот (а Жизел бара да ја плаќаат исклучиво во евра), денес тоа е паднато на 1 евро за 1,06 долари.

Меѓу останатите работи, причина за ова е разидувањето на двете монетарни политики. Европа за да ја засили својата економија решава Централната банка да почнува да купува обврзници со тазе печатените пари, додека американските Федерални резерви се решаваат да ја кренат вредноста на постојните. Ова значи дека дивидендите во Европа паѓаат, додека во САД растат.

"Вака сфатете го. Дали попрво би купиле германска 10-годишна обврзница со дивиденда од 0,25% или американска 10 годишна обврзница која плаќа 2,1%. Инвеститорите, посебно големите од Европа, на ова реагираат со префрлање на своите пари од евра во долари. И ете, еврото од ланските 1,39 долари, падна на денешните 1,06 долари," објаснува Мет О'Браен во Вашингтон Пост.

Тој дополнително ја поедноставува целата ситуација и објаснува дека американската економија е во многу подобра состојба отколку европската. Таму невработеноста е 5,5%, додека во Европа е 11,2%.

Тука О'Браен навлегува во економската логика на проблемот на ЕУ, односно дека:

"Силна економија треба да значи и силна валута, бидејќи и се потребни високи каматни стапки за да ја контролира инфлацијата - заради што нивната валута станува и поатрактивна за вложување. Меѓутоа, како што Европа осети на сопствена кожа, спротивното не е точно. Високите стапки не ти ја прават економијата силна, ако таа во основа е слаба. Па иако тие ќе ти ја кренат валутата на краток рок, истите ќе предизвикаат нејзин пад на многу подолг период.

А оваа грешка ЕЦБ ја прави два пати, еднаш во 2011-та кога ја крева каматната стапка за да се справи со инфлацијата, па кога ова не им успеа тие мораа да почнат да купуваат обврзници во вредност од 60 милијарди евра месечно.

Со други зборови, еврото денес паѓа толку многу, затоа што вчера не паѓаше како што треба.

Во меѓувреме САД печатат пари како што треба, барем во најголем дел од времето. Почна со печатење во 2008-ма и го продолжи на 2009-та, потоа го рестартираше во 2010-та, и го рестартираше во 2012-та, со ветување дека ќе продолжи додека не се намали невработеноста. И ова успеа."

Што се однесува до очекувањата за идната на еврото, О'Браен го цитира извештајот на Дојче банк според кој еврото ќе продолжи да паѓа и до крајот на 2016-та 1 евро ќе вреди 0,90 долари, а до крајот на 2017-та, ќе падне на 0,85 долари за 1 евро.

14 март 2015 - 13:49