Уредништвото на Глобал Фајнанс врз основа на резултатите од 2015 година и согледувањата на еминентни аналитичари од областа, како и извршни директори и банкарски консултанти ја избра Охридска Банка Сосиете Женерал, Македонија за најдобра банка на пазарите во развој заедно со уште неколку банки од регионот и во уште 21 земја. Дополнително, Глобал Фајнанс спроведе анкета меѓу своите читатели со цел да ја зголеми точноста и релевантноста на податоците.
Критериумите за избор на победниците вклучуваа раст на актива, профитабилност, стратешко партнерство, корисничка услуга, конкурентност и иновативни производи.
"Горди сме што годинава Охридска Банка Сосиете Женерал е единствената банка од Македонија која добива престижна награда од Глобал Фајнанс. Успеавме да одговориме на високо поставените критериуми од страна на Глобал Фајнанс со што докажавме дека Охридска Банка Сосиете Женерал посветено, стратешки и на долг рок работи на македонскиот пазар. Во своето долгогодишно работење банката имаше значајна улога во развојот и трансаформациите на банкарскиот систем и прерасна во современа финансиска институција од универзален тип со развиен корпоративен и инвестициско банкарски сегмент, разгранета мрежа на експозитури, широко портфолио на финансиски производи и услуги, софистицирана информатичка технологија и високостручен кадар," истакнува Бранка Павловиќ, Претседател на Управниот Одбор на Охридска Банка Сосиете Женерал.
Глобал Фајнанс е основан 1987 година и денес има тираж од над 50 илјади, и читатели во 188 земји ширум светот и тоа претседатели на групации, главни извршни директори, главни финансови директори и финансиски експерти. Веб страната на магазинот (GFMag.com) изобилува со анализи и написи кои претставуваат ризница на 29 годишно искуство на интернационални финансиски пазари и претставуваат вреден извор на релевантни податоци за 192 земји. Седиштето на Глобал Фајнанс се наоѓа во Њуjорк, а има канцеларии и во Лондон и во Милано.
Наградата на Охридска Банка Сосиете Женерал за најдобра банка од Македонија на пазарите во развој во Централна и Источна Европа ќе и биде доделена на свечена церемонија на 8 октомври 2016 година во рамките на годишното собрание на ИМФ / Светска банка (IMF/World Bank) во Вашингтон, САД.
Покрај тоа, од Групацијата Сосиете Женерал наградена во истата категорија е и БРД од Романија, како и неколку подружници во Африка: Алжир, Брегот на слоновата коска, Сенегал и Гвинеа кои се наградени во други категории.
(комерцијална објава)