Најконзервативните пресметки се некаде околу 6 милијарди долари, ако малку полиберално се почне да се пресметува сумата доаѓа до кај 15 милијарди долари годишен приход, што е повеќе од парите што ги прават Нетфликс или НФЛ.
Првата сума доаѓа од пресметка од 2012 направена од списанието кое ја покрива порно-индустријата како еснаф, Иксбиз, и ним им излегува дека годишните приходи од порно во САД се околу 5 милијарди долари. Основачот на Иксбиз тврди дека ако денес ја спроведе истата анкета приходите најверојатно ќе бидат над 6 милијарди долари.
Главниот уредник на АВН, Ден Милер, заработката ја проценува во милијарди, „знам дека е милијарди долари, ама не знам точно колку милијарди, и никој не знае.“
Проблемот е што индустријата нема ниту некој централизиран орган или асоцијација која ги покрива сите физички и правни лица што учествуваат во индустријата. Дел од истражувањата користат различни методологии кои предвид го земаат и аматерското порно, девојките што работат со веб камери, секс играчки, па и стриптиз клубови. Други се држат до професионалните медиуми и компаниите за забава.
Една од мерките за доминантноста на порното во секојдневниот живот која често се цитира се извештаите за посетеност на Порнхаб. Само овој сајт во текот на минатата година има привлечено над 28,5 милијарди прегледи.