Проблемот стана ПРОБЛЕМ откако Кина воведе нова политика со која забрани увоз на отпад од странство. Се до јануари годинава цели флоти бродови од САД и западниот свет полни со пластика и сличен евтин отпад редовно беа истоварани на кинеските брегови за понатамошна преработка.
Во конкуренција на пешаци, луѓе на точак и луѓе во кола, најлошо си минува пешадијата, а од преостанатите два транспортни рода, овие во кола дишат повеќе загаден воздух отколку овие на точак.
Во копија на локалниот апсурд да имаш субвенции за тутун, а на секој чекор да забрануваш пушење цигари, ЕУ има субвенции за јаглен, додека е потписник на Парискиот климатски договор.
Што се однесува на годинешната Национална климатска проценка изработена од американската администрација, ставот на првиот човек на таа администрација е „не му верувам“ на извештајот.
Загадувањето од дизел возилата го спречува развојот на белите дробови кај децата со што тие доживотно се осакатуваат, покажува истражување во кое учествуваат 2000 ученици од Лондон. И ова е паника во Лондон, чиј проблем со квалитетот на воздухот не е ни приближен до тукашната жабокречина што се дише.
Ако некој нема недостаток од загаден воздух тоа се Кинезите. Позитивна страна на вака несреќната околност е што можат пообемно да ги истражат последиците што живеењето во гнаса од градови го има врз огромни бројки од луѓе.
Во февруари Европската комисија предупредува 5+1 членка на Унијата дека имаат претерано загадување на воздухот и дека треба нешто да направат во врска со тоа, или ќе завршат на суд. Завршија на суд.
Само затоа што нешто е во облак не значи дека облакот работи на убави мисли и позитивно расположение, туку работи на илјадници сервери кои работат на струја, а Гугл има 3,5 милијарди пребарувања дневно што овие сервери треба да ги обработат, со помош на струја.
Додека главната мантра на политичарите е „зелено, еко, чисто, природно, обновливи извори,“ банките, истите оние пред неколку години спасени од политичарите, почнаа на фосилни извори на енергија да вложуваат повеќе капитал од вообичаеното.
По 40 години непрестанат економски развој претежно на погон на јаглен, земјата воведе „зелени политики“ кои се толку радикални и толку опсежни што можат да се почувствуваат низ цел свет. Во центарот на сето ова е како да се направи промената без да му се наштети на производството.
Еден од највисоките германски судови одлучи дека градовите низ земјата имаат право да забрануваат дизел возила на нивните улици како мерка за намалување на загадувањето.
Половина од искуството што ние го водиме како „се одморив на планина на чист воздух“ всушност нема никава врска со воздухот, туку со градската бука и недостатокот на истата. Направи сам: тргни пешки накај Средно Водно, тоа што ќе го чуеш како ти зуи во позадина, тоа е аудио загадувањето во кое живееме како да ни е природна состојба.
На страна тоа што во основа се глувци со крилја, научниците тврдат дека може и да имаме некаков ќар од гулаби, посебно околу загадувањето на воздухот. Целата работа почнува од тоа дека тие се изложени на истата околина како и луѓето.
Забраната не е за овие 553 модели да се возат низ земјата, туку ниту еден од нив повеќе не смее да биде произведуван. Благодарејќи на серија слично драстични мерки, Кина повеќе не е на првото место како најзагадена држава.
Главно ветување на сите кандидати кои учествуваа на локалните избори без оглед на нивната партиска припадност беше дека „ќе донесат чист воздух“ во градов. Не знаеме од каде точно мислат да го донесат и како, но ако е за некоја утеха имаме историски пример на град кој барем во тек на неколку денови бил позагаден од Скопје, Велес и Битола.
Метанот е стакленички гас што е 86 пати поштетен отколку јаглерод-двооксид и по ново до неодамна сериозно сме потценувале колку многу го произведуваме. А го произведуваме по две основи: вадење нафта и гас, и одгледување стока.
Гледано по глобални статистики од бродскиот превоз на кој отпаѓаат 90% од вкупниот товарен транспорт, доаѓаат само 3% од стакленичките гасови. Зумирањето на истата оваа статистика покажува дека 15-те најголеми товарни бродови испуштаат повеќе азотни оксиди и сулфур отколку комплетниот глобален возен парк на четири тркала.
За разлика од досегашните извештаи кои кажуваа која држава колку загадува, извештајот на Институтот за климатска одговорност има нов пристап: која компанија колку загадува.
Клајмворкс е првата компанија на светот што комерцијално го отстранува јаглерод-двооксидот од воздухот и го претвора во нешто корисно. Оваа корисност моментално се одвива во близина на Цирих.
За првпат некој да седне, собере и измери кои се всушност најефикасните начини да се зачува планетава и да се сопрат погубните трендови на нејзиното загадување. Резултатите ќе ве изненадат.
Кога се појавува, дизелот е "ветеното гориво" масовно промовирано од влади и автомобилската индустрија како поевтино и еколошки подобро за планетата. Знаете како излезе целата работа.
Позитивното е што во добар дел од светот квалитетот на воздухот постојано се подобрува, лошото е ние не сме добар дел од светот за да се радуваме на ова.