Таг: загадување

Научници несакајќи открија ефикасно решение за ЦО2

Процес за отстранување на ЦО2 од атмосферата, кој е евтин, ефикасен и лесно може да се зголемува во зависност од потребите е неочекувано брзиот резултат од едно научно експериментирање.

Тетово и официјално е најзагадениот град во Европа

Бројките се од Светската здравствена организација а според нив Тетово е најзагадениот град на континентот. Доколку се исклучи Турција, на второ место во Европа е Тузла, трета е Пљевља, а на четврто и петто место се Скопје и Битола.

Италијанците меѓу право на чист воздух и право на пица

Италијанските статистики се дека годишно во земјата 30.000 луѓе умираат од загаден воздух. Инстантните решенија на оваа тема ставија пред стрелачки вод некои крајно автохтони состојки од италијанскиот начин на живот.

Климатската конференција во Париз ќе емитува 260.000 тони ЦО2

Официјалното име на конференцијата е "United Nations Framework Convention on Climate Change twenty-first session of the Conference of the Parties and the eleventh session of the Conference of the Parties serving as the meeting of the Parties to the Kyoto Protocol," наслов кој сосема оправдано ги заслужува сите 22.000 илјади официјални претставници кои ќе се соберат во Париз.

Уште четири производители паднаа на тестовите за дизел

Хонда, Мазда, Мерцедес и Мицубиши, испуштале значително повеќе штетни гасови (азотни оксиди) за време на возењето отколку на лабораториските тестови, покажуваат податоците што ги објавува Гардијан.

Човештвото го изеде својот дел за годинава

Вчера, четврток, 13-ти август, е денот кога ги истрошивме сите ресурси што Земјата може да ги произведе за годинава. Во основа ова му доаѓа како денот во месецот кога си ја потрошил платата и до следната живееш на вересија. И ова секоја година се случува сè порано од кога и да било до сега.

Во загадувањето е иднината?

Компанија од Британска Колумбија работи на технологија која го собира јаглерод-двооксидот од воздухот и го претвора во гориво. За сега работат на првиот дел од проектот.

Водата веќе стана новата нафта

За 10 години, дваесетина проценти од светското население со вода ќе го снабдуваат големи и лакоми корпорации. А тие во меѓувреме работат на редефинирање на водата, од човеково право во луксуз.

Пекинг ништо нема да направи со укинување на јагленот

Кинеската престолнина и официјално ќе преземе нешто околу проблемот со загадувањето и до 2020-та сосема ќе го забрани користењето на јаглен, за сметка на струјата и природниот гас. Замената не е ништо подобра.

Глуп како заинатен Американец

Дел од Американците (веројатно истиот дел што има проблем со многу логични работи како наука, климатски промени и сл...) има проблем со активистите кои се за намалување на загадувањето од автомобили. Како и секој проблем и на овој најдобро е да му се пристапи со инает.

Смогот како антидржавен елемент

Кинеската влада до сега имаше речиси беспрекорно досие за тоа дека ниту еден внатрешен или надворешен субјект не може да и каже дали смее или не смее да ги прислушува и следи сопствените граѓани. Деновиве, на оваа тема доби крајно респектабилен противник.

Пекинг во 12 часот

Клучното што треба да го знаете додека ги гледате овие слики е дека тие се направени на пладне. Не навечер, не на зајдисонце, туку околу 12 часот. Еве како изгледа пладнето кога живееш во светскиот центар на загадувањето.

Воздухот во Кина е лош, водата е бетер

Иако сликите од смогот над Пекинг преовладуваа низ меѓународните медиуми, она што е драматично посериозно е загадувањето на реките и езерата во земјата.

И автомобилите со налепници дека се штетни по здравјето?

Загадувањето од сообраќај денес создава подеднакво голем број на астматичари меѓу децата како и пасивното пушење, покажува истражување во 10 европски градови.

Кина почна да продава воздух во лименки

Откако загаденоста на воздухот во Кина достигна нивоа кои што се надвор од сите граници на мерење, на пазарот се појавија лименки полни со свеж воздух.

Можело значи

Беа потребни повеќе од две децении но успеаа: во Мексико сити, мегалополисот кој порано важеше за најзагадениот урбан простор на светот, денеска се дише нормално.

Планината од чад во Њујорк

Од канцеларијата на Градоначалникот на Њујорк решаваат да го измерат загадувањето во градот. Се вадат од памет од бројките. Наместо да ги кријат, ги објавуваат на најсликовит можен начин.