Научници несакајќи открија ефикасно решение за ЦО2

Процес за отстранување на ЦО2 од атмосферата, кој е евтин, ефикасен и лесно може да се зголемува во зависност од потребите е неочекувано брзиот резултат од едно научно експериментирање.

Научниците од Националната лабораторија во Тенеси, откриваат хемиска реакција која го претвора ЦО2 во етанол, притоа потенцијално креирајќи нова технологија која може да помогне во спречување на климатските промени.

Првично тие сакале да најдат серија хемиски реакции кои ќе го претворат ЦО2 во корисно гориво, меѓутоа сфаќаат дека уште првиот чекор во процесот успева да ја заврши целата работа, и во пракса го претвора ЦО2 во етанол, кој потоа може да се користи за напојување генератори или возила.

Технологијата се базира на нова комбинација и подредување на бакар и јаглен на силициумска површина, сето ова сведено на ниво на нанотехнологија, што создава реакција која може да биде многу прецизна, со многу малку штетни нуспроизводи.

Процесот има неколку предности во споредба со другите методи за претворање на ЦО2 во гориво, прво користи масовно достапни елементи како бакар и јаглен, а резултатот му е етанол кој веќе се употребува како гориво. Целата постапка може да се спроведе на просечна, собна температура, што значи дека се штеди енергија бидејќи нема потреба од дополнително ладење или греење.

Следно што ќе се обидат научниците е да го направат процесот поефикасен.

 

20 октомври 2016 - 11:13