Таг: видео

Автобиографија на Грејс Џоунс во која ги исмева денешните ѕвезди

Иронично насловена како „Никогаш нема да ги напишам моите мемоари", новата книга на диско дивата не само што открива многу за нејзиниот живот, туку ги прави парам-парче оние кои се обидуваат да ја имитираат, а не биле ни родени кога таа го пробивала патот на јаките жени во музиката.

Лори Андерсон: Капитализмот е катастрофа за човечките релации

Во Телурајд, Колорадо во септември повеќе од 40 години се одржува фестивал, на кој се прикажуваат нови филмови (услов е тоа да им биде северноамериканска премиера). Оваа година меѓу другите луѓето го гледаа, и плачеа на новиот документарец на Лори Андерсон.

Тејлор Свифт во стил на Спрингстин и Лу Рид

Рајан Адамс (не Брајан) е американски музичар, поет и сликар, кого го нарекуваат „засекогаш даун екс-кантри рокер". Тој има нов албум со наслов „1989" на кој обработува песни на - Тејлор Свифт! Ама не знаете колку добро звучи тоа.

Интерактивна тура низ собата со плочи на Мураками

Оние што ги читале неговите дела знаат дека познатиот писател има посебна слабост кон музиката, и дека практично секоја негова книга содржи сопствена плејлиста. Сега ја отвара неговата домашна колекција за оние кои сакаат да ѕирнат во неа.

Бордејн и рачното правење книги

Ентони Бордејн има нов проект, кој на прв поглед не е поврзан со готвење. Се вика „Сиров занает" (Raw Craft), a се работи за кратки филмови во кои познатиот готвач ги претставува „најдобрите занаетчии на Америка". 

Човекот што дава часови по гитара на небото

Неговите настапи во живо тешко дека можат да се споредат со било кои други во историјата на рок музиката. На 16 септември 1970, само два дена пред неговата смрт, Хендрикс настапил за последен пат. Симнувајќи се од сцената, полека заминал на друга задача. 

Ново шоу на Џон Клис и Ерик Ајдл

Со пајтоновците мислевме дека се поздравивме во пакет за вјек и вјеков уште кога го гледавме нивниот настап пренесуван во живо од арената 02 во Лондон летоска (за што пишувавме тука). Ама двајца од нив сега си прават посебен проект, oбидувајќи се до крај да го „изгребат тенџерето“.

50 години од „Вчера“

На 13 септември се наврши половина век од издавањето на синглoт Yesterday на Битлси. Тоа беше прва соло снимка на Макартни, и воедно прва песна на групата напишана само од еден Битлс - знак дека тој и Ленон почнуваат да се движат во различни насоки. Дали сте повеќе за Џон или за Пол сè уште се смета за избор кој кажува нешто не само за вашиот музички избор, туку и за вашиот светоглед.

Koга Доналд Трамп го коментираше „Граѓанинот Кејн"

Во 2008 Трамп снима клипче во кое го анализира славниот филм. Сега му го вадат, но не за да го ругаат што тогаш бил глуп, туку за да му ја покажат разликата во неговото интелектуално ниво тогаш и сега, кога звучи „како од него да зборува Мусолини“.

Нов албум на Жан-Мишел Жар

Масив атак, Лори Андерсон и Моби се меѓу соработниците на новиот проект на Жар, кој не само што физички изгледа доста свежо за свои години, туку според она што го слушнавме од албумов има уште многу да каже во полето во кое беше еден од пионерите.

Блајнд Вили Џонсон, или човекот чија песна патува низ вселената

Во пресрет на 70 годишнината од смртта на Блајнд Вили Џонсон, неколкумина познати музичари меѓу кои Том Вејтс и Шинед О'Конор се согласија да направат свои верзии од неговите песни. Парите за проектот беа многу бргу собрани преку Кикстартер, што само покажува дека музиката на Џонсон е се уште жива. Но кој бил тој всушност?

Професор ќе живее една година како Боуви

Замислуваме како би изгледало кога ваков проект би требало да помине пред Наставно-научниот совет на некој од нашите факултети.

„Адамовите јаболка" (2005)

На што можеш да се надеваш во свет кој е генерално неправичен и зол? На тоа дека ако се грижиш за него, едно дрво може да ти роди доволно за од јаболката да направиш пита, за тебе и твоите пријатели. Убав филм, со многу крв, хумор и крај кој успокојува.

30 години од „Док чекаш сабах са шејтаном"

Ако постои бенд низ чија судбина би можел да се сними политички филм за Југославија, тоа е Забрането пушење. Од перспектива на накнадна памет, кога е сосема јасно дека сите „важни утакмици" за кои зборуваше Хасе се загубени, овој албум е потсетување на времето кога некои седеа со шејтанот и чекаа мугра, додека други во мугра седеа сами и го чекаа шејтанот, па на крајот и го дочекаа.

Вернер Херцог во тажен филм за пластична ќеса

Ја знаете сцената во „Американска убавина", во која летањето на една пластична ќеса на ветерот треба да ја симболизира бесмисленоста на животот. Оваа пак приказна е раскажана од аспект на една слична (жолта) ќеса, и тоа со глас кој не остава рамнодушен. На крај може ќе пуштите и солза.

Чија е песната од „Палп фикшн"?

Пред некој ден во кафана се случи сцена како излезена од бугарскиот филм „Чија е таа песна?". Додека латино бенд во живо изведуваше позната тема од Палп Фикшн на Тарантино, еден Грк со гордост нè извести дека се работи за грчка песна. На тоа веднаш се надоврзаa присутните од други земји, па набргу таа беше наречена еврејска, турска, српска. Навистина, чија е песната од Палп Фикшн?

Историја на грижата

Грижењето, или по нашки секирањето, е необична активност за „жанровско" одредување. За оние кои често го прават тоа, работата е сериозна. Но ниту еден психијатар нема да ви каже дека сте патолошки случај само затоа што се грижите, освен ако тоа не преминува во параноја.

Кога Стефан Миленковиќ свири (и игра) танго

Се сеќаваме на него како симпатично русокосо дете со шишки, бел фрак и пресериозно лице, концентрирано на виолината. Сега Стефан е пораснат и доаѓа во Охрид не со Паганини, туку со аргентинско танго.

Пророчко интервју со Хаксли од пред 57 години

Вчера, 26.07 се навршија 121 годинa од раѓањето на Олдос Хаксли, авторот на антологиската „Храбриот нов свет" од 1932. По тој повод едно ретко телевизиско интервју со него од 1958, кое не само што во голема мерка е визионерско за тоа како стојат работите во светот денес, туку е и пример за тоа како се прават интервјуа - како вкрстено испрашување, без пардон, и со - цигара во уста!

Како звучел Моцарт во времето на Моцарт?

Во пресрет на денешниот концерт на Погорелиќ во Охрид, за разликите во тоа како денес се свират класичните дела, а каков бил нивниот оригинален звук. Кој знае дали некој од големите композитори би си ја препознал својата музика?

Koj e за музички „кожни оргазми"?

Знаете она кога некоја музика ве погодува физички, како трпки или морници, или како некој да ви удрил тупаница во стомак, ама на убав начин? Сетилните реакции кои ги предизвикува музиката можат да бидат и поекстремни, особено ако таа се слуша во друштво.

„Дени Колинс" (2015)

Филм базиран на вистинска приказна за човек што добива писмо од Џон Ленон 34 години откако тоа било испратено, со Ал Пачино во главната улога, и музика од Ленон во позадината. Ќе бевме задоволни и ако во него немаше ништо повеќе од ова.

Видео анализа на цртаните од Луни Тјунс

Во наше време дали си повеќе за Дизни или за Луни Тјунс беше еднакво на дилемата Битлси или Стоунси. Покрај сите технолошки керефеки кои ги содржат денешните цртани филмови, класиците од двете цртачки студија остануваат токму тоа - антологиски дела, вредни за анализа од повеќе аспекти, од педагошки до културолошки.