Таг: видео

Како е да се плашиш од боја?

Вуди Ален и Били Боб Тортон не можат да се израдуваат ни на интензивно црвена лубеница, ни на светло сина боја на некој морски залив. Тие се eдни од оние кои се плашат, или барем чувствуваат голема непријатност од која и да е светла или интензивна боја. А за разлика од змии или летање, ова е многу потешко да се одбегне.

Поетско признание на мисијата на Плутон

Една џуџеста планета знае да инспирира куп уметнички дела - од Реј Бредбери до Бјорк, прослава на нашето буквално и метафорично приближување кон она што ни е далечно и непознато, и оние ретки моменти кога изгледа дека сме дознале нешто ново за него. 

Рики Ли Џонс има 60 и нов албум

„Една од најнесоодветните споредби кои некои се обидел да ѝ ја закачи на Рики Ли Џонс е дека таа е женски Том Вејтс", вели текст во New Musical Express од 1979 за тогаш младата музичарка. 

Електронска симфонија за подземна железница и билет

Џејмс Марфи, поранешен член на LCD Sоundsystem, во соработка со Хајнекен, сака на луѓето кои секојдневно патуваат со подземна железница да им го разубави денот. На пример со тоа што во машините за поништување билети наместо досадниот „бип" вградува пријатни мелодии.

Далија Дарбишир или жената-легенда на електронската музика

Исклучителна жена, која комбинирајќи ги интересите за математика и музика создала сопствен пристап во третирањето на звукот, наречен психо-акустика. Таа е легенда на полето на раната електронска музика, а како своја инспирација ја наведуваат голем број современи артисти. 

„Егзибиционизам" - голема ретроспективна изложба на Стоунси

Exhibitionism (игра со зборови, ем егизибиционизам, ем изложбизам), ќе содржи повеќе од 500 артефакти од историјата на славниот бенд. Членовите им дале целосен пристап до архивата на организаторите, кои резултатот го опишуваат како „интерактивна тура низ огромното уметничко дело на Стоунси".

„Лудницата Стоунхрст" (2014)

Базиран на сатиричен расказ на Едгар Алан По, филмов пука од потенцијал за истражување на тенката граница помеѓу она што е (наводно) нормално и она што е (исто така наводно) ненормално и лудо. И покрај блескавата актерска екипа, тој е сепак повеќе љубовно филмче отколку филозофски трактат или ироничен коментар на современата култура. 

Пол Велер за современата музичка индустрија и новиот албум

Вчера (недела) на сцената на Гластонбери 2015 продефилира неверојатна комбинација изведувачи - од Лајонел Ричи, Пати Смит, Далај Лама кој пред 100,000 луѓе ги дуваше неговите роденденски свеќички, па до старите добри Ху. Меѓу нив и Пол Велер, исто така и стар и добар, ама и нов, затоа што има тазе албум под наслов Saturn's Pattern.

Вечната мистерија на бракот

„Книга за бракот: векови совети, инспирација и поучни приказни од Адам и Ева до антидепресиви" е опишана како антологија на мудрости за институцијата, која од времето на нејзиното формирање ги тера оние кои влегле во неа по некое време да се прашаат - што ми требаше?

Запознајте го Борис Гребеншиков, рускиот Боб Дилан

Комбинација на рокенрол ѕвезда и поетски бард, Гребеншиков бил еден од оние кои во времето на СССР свирел „западна" музика со откачени стихови полни сатира и мистицизам. Деновиве има концерти во САД, по повод новиот албум кој зборува за современа Русија и конфликтот во Украина.

Почина холивудскиот џин меѓу композиторите

На 61 година во авионска несреќа почина Џејмс Хорнер, еден од елитните холивудски композитори. Работел и по 16 часа дневно, а во една година знаел да направи музика и за повеќе од десет филмови. И сите тие не би биле она што се без неговите композиции.

Музиката од втората сезона „Вистински детектив“

Кога заврши првата сезона True Detective, и сфативме дека во следната ќе ги нема Меконахи и Харелсон, однапред одлучивме дека таа нема да ни се допадне. Според насловите кои вчера, ден по премиерата на втората сезона, го преплавија интернет - „Сите тонат во разочарување", „31 најглупи моменти од Вистински детектив" - имало и други како нас. 

Нов филм за Станфордскиот експеримент

Психолошки трилер за едно од најбизарните истражувања на човечкото поведение на професорот од Универзитетот Станфорд, Филип Зимбардо. Иако спроведен пред повеќе од четири децении, тој и денес се цитира секогаш кога се зборува за леснотијата со која се внесуваме во улога која ни е доделена, без оглед дали е на жртва или е на мачител.

Осумчасовна композиција што се слуша во кревет

Што се добива кога ќе се спојат современ композитор и невролог? Музика којашто го истражува начинот на којшто искусуваме звуци во различни состојби на свеста - на пример дур спиеме среде концертна сала, додека оркестарот со часови ни свири приспивна. 

Жива ли е музиката?

За да покажеме дека џез публиката во Скопје има не само историско минато и плодна сегашност, туку и сигурна иднина, поканивме еден млад човек, студент од прва година по етнологија, да напише неколку редови за една од неговите музички љубови. 

Манастирска музика што најдобро се слуша со пиво

Можеби не е баш соодветно да се каже дека Бенедикта е „бенд“, затоа што се состои од 18 монаси, од манастирот Св. Бенедикт во централна Италија. Нивниот нов албум „Напеви од Норча" веќе е хит, а најдобро легнува доколку се слуша пиејќи го пивото коешто самите го произведуваат.

Пиј ме со очи

Мислевме дека нема нешто што не сме го чуле од Кеш, додека не наидовме на оваа песна, чија приказна и различни верзии излегоа поинтересни од очекуваното.

Вкусот на дома

Истражувачко-културно-гастрономски проект изработен од Центарот за мировни студии на Хрватска, кој нè запознава со мирисот и вкусот на домашната кујна на бегалците и азилантите во оваа земја.

Германските библиотеки бараат да работат во недела

Во Германија во моментов има 10.200 библиотеки, од кои 106 се мобилни, библиотеки „на тркала" кои патуваат главно низ руралните средини. Но оние општинските се соочуваат со буџетски скратувања кои се закана по нивното постоење. Во последниве години голем број од нив се затворени, а други се драстично намалени или пак работат со скратено работно време.

Еx Machina (2015)

Тешко е да се гледа научна-фантастика во која речиси совршени човечки „репликанти" се обидуваат да ја преземат контролата, без асоцијации на Блејд Ранер, и чувство дека сè по него е во сенка на неговата визуелна и визионерска моќ. Па сепак, Ex Machina е повеќе од дистописки спектакл во кој главен лик е згодна и (вештачки) интелигентна жена, какви што се изнагледавме во последно време.

Бесрамното рекламирање брендови среде песни

Новото „продакт плејсмент", или прикриеното рекламирање кое до сега (не) го забележувавме по филмовите и сериите, сега се состои во вметнување на име или асоцијација на бренд во поп песни од познати изведувачи. Уште побетер: тие ретроактивно се вметнуваат и во постари видеа.

„Стилјаги" - руските хипстери од 1950-тите

„Ловци на стил" или стилјаги бил навредлив термин за членови на субкултура во СССР во 1950-тите. Иако самите биле аполитични, власта ги сметала за провокација, затоа што се облекувале по западен терк и ја идеализирале Америка.

3Д порно во Кан

На вчерашниот, 9-ти ден од 68тиот фестивал во Кан се случила вистинска тепачка за карти - 2,300 пицнати луѓе се појавиле на полноќната проекција на новиот филм на Гаспар Ное, а некои од нив не успеале ни да влезат во салата. По проекцијата имало долга, стоечка овација.

Валцерот на Ентони Хопкинс

Андре Риу е познатиот холандски виолинист, кого често го гледаме во пост-новогодишните музички програми со неговиот оркестар Јохан Штраус. Неговата мешавина на популарна музика, банални смешки и кич костимографија некои ја оценуваат како лигава, други како празник за уши и очи. Ние бевме во првите, до денес, кога некако нè погоди оваа снимка.