На концерт во Виена во 2011 Риу го свири неговиот вообичаен материјал, но во еден момент најавува - изненадување. Вели дека ќе изведе валцер кого еден познат холивудски актер го напишал уште пред да почне да се бави со глума, но се пишманел дали вреди да се обзнанува, сè додека некаде во Лос Анѓелес не го слушнал Риу на телевизија и не посакал валцерот да го изведе токму неговиот оркестар.
Актерот е оскаровецот сер Ентони Хопкинс, кој на снимката седи во публиката, возбуден од тоа што ќе го слушне своето дело изведено прв пат по 50 години. Иако отпрвин се сомневаме во зборовите на виолинистот дека композицијата е „прекрасна, романтична, филмска", тоа излегува токму така. Сите на крајот се на нозе, жена му на Ентони рони солзи, а тој се радува како мало дете. Погледнете - некои соништа се остваруваат и на седумдесет и кусур.
Композицијата во 2012 и снимена и на албумот на Риу, под истото име - „Валцерот продолжува". Првично, нотите на Риу му ги испратила жена му на Хопкинс, без негово знаење. Целата приказна за тоа како се сретнале и соработувале тука