Психе Луи (Psyche Loui) е виолинистка со докторат од психологија, чија специјалност е врската помеѓу музиката и мозокот. Поконкретно, таа се занимава со аудитивната и мултисензорната перцепција, учењето и меморирањето на звучни структури и човечките емоционални реакции предизвикани од нив.
Во нејзино истражување кое вклучувало професионални музичари и немузичари, учесниците изјавиле дека при слушање на омилената музика искусуваат тресење, руменило, потење, морници во р'бетот и сексуална возбуда. Ваквите интензивни искуства се можни причини на нешто што се нарекува „кожен оргазам", во смисла на такво сексуално искуство кое нема директна врска со гениталиите, туку има повеќе еротска димензија. Луи за ваквото чувство го употребува францускиот термин кој е одомаќинет во англискиот, frisson, во значење на стреснување кое трае 4-5 секунди, главно пријатно, кое може да биде реакција, меѓу другото, и на некое уметничко дело кое не метафорично, туку буквално нè потресува.
Според неа и според други истражувачи на ваквите „музички морници", нив ги особено ги предизвикуваат ненадејните хармониски промени, динамички скокови (од тивко кон гласно) и дисонантни ноти кои се судираат со главната мелодија (како во песната на Адел, Someone Like You). Еве јутјуб плејлиста која содржи мелодии кои предизвикале најголем број вакви „оргазми" кај лабораториските субјекти:
Она што е заедничко за овие музички парчиња според Луи е начинот на којшто тие ги прекршуваат конвенциите, но не прекумерно за да ги доживуваме како обична врева. Кога композиторите одат по фината граница помеѓу познатoто и непознатото, кога си подигруваат со нашите очекувања, тие ја погодуваат точката во мозокот која го предизвикува она слатко „ежење".