На 10 години свирел на Божикен концерт кај Реган, на 11 за Горбачов а на 14 за папата Јован Павле Втори. Најмладиот дипломиран виолинист на Музичката академија во Белград, има предавано на престижниот Џулијард и на Универзитетот Илиноис. Но во паузите од свирењето на класичните дела, Стефан Миленковиќ прави проекти со интересни музичари, како Горилаз (со кои настапи во Арената Аполо во Њујорк), Един Карамазов или нашиот Влатко Стефановски.
Проектот со којшто ќе настапи на 1. август во Античкиот театар во склоп на Охридско лето се вика Танго компас и претставува уште една ваква соработка помеѓу Миленковиќ и словенечкиот хармоникаш Марко Хатлак. Свират адаптации на латино музика и џез парчиња, а нам најмногу ни прават ќеф со Пијацола:
На бис Стефан знае и да заигра танго, па ако бидете доволно упорни и вам може да ви успее тоа: