Таг: твитер

Крај на еден лингвистички експеримент

Минатата недела @everyword се огласи за последен пат. Во текот на последните седум години, преку 109,000 твитови, еден по еден беа постирани сите зборови во англискиот. Но дали еден ваков проект навистина може да заврши?

Корпоративниот твит што се произведува 45 денa

На тим од 13 експерти за социјални медиуми и адвертајзинг, му се потребни до 45 денови за да испланира, креира и да добие одобрување за еден корпоративен пост на социјални медиуми.

Зошто Папата е на Твитер, ама не и на Фејсбук

Францис ја наследи Твитер сметката од неговиот претходник. Фејсбук од што не може да се помири што Папата нема профил кај нив, испрати свои луѓе во Ватикан за да ги убеди црковните претставници човекот да се зачлени на Фејсбук. Се вратија без успех.

#ПосетигоИбрахим

Студент останува делумно парализиран во сообраќајка и завршува во болница на подолг период. Додека е таму, никој ама никој не му доаѓа во посета, ниту семејството. Тој пушта твит дека е сам и дека никој не го посетува. После твитот се случува ова:

Ружди малку се премисли за Твитер

На оваа социјална мрежа има премногу „вистиникавост“ - работи кои интуитивно делуваат како вистинити, но фактички не се. Толпата знае да те повлече и да се најдеш некаде каде не си мислел да појдеш. Плус те мразат ако пишуваш смешни стихови за Кардашијан. Со еден збор, на Ружди изгледа му досади од твитање.

Твитер и блуд

Според светските искуства активните твитерџии е далеку поверојатно да бидат неверни и да имаат проблеми со партнерот, што пак последователно ќе ја тера целата работа на развод.

Клубот на изгубените твитерџии

Твитерџиите @moyesy, @rvp и @avb си се здружија со своите маки откако беа нападнати од изгубените ликови на Твитер кои ги помешаа со Мојс, Ван Перси и Боаш.

Ако сакаш да го популаризираш Твитер, забрани го

Турција, поточно Ердоган, вчера вечерта одлучи да го блокира Твитер на државно ниво. Денес Гардијан објави дека од почетокот на забраната Турците имаат пуштено околу 2,5 милиони твитови, што е нов рекорд за земјата.

Првиот твит на твитерашите

По повод роденденот Твитер пушта алатка која го наоаѓа првиот твит на кој било твитерџија. Еве кои беа првите зборови на Сеад, Сулиманович, Џиги, Братот, Васиљ, Бетмен, неколку политичари и медиуми.

Кејти Пери прва со 50 милиони

До пред некоја година рекордерка беше Лејди Гага, потоа водството го презема Џастин Бибер за да го претрка Кејти Пери и да стане најследената жена на светот.

Не треба многу народ за да бидеш битен на Твитер

Ако имаш јавна Твитер сметка и те следи повеќе од еден човек, треба да бидеш прилично горд со себе - ти си еден од најпопуларните корисници на Твитер.

Осаменоста на нашите дигитални гласови

Рејчел Нол (Rachel Knoll) е родена во САД, а во моментов живее Лондон каде студира на Кралскиот колеџ за уметност. Нејзините интерактивни инсталации и видеа се занимаваат со осаменоста во дигиталното доба. Знаете на што мислиме, нели?

Хронологија на 2013-та на Твитер

На Твитер 2013-та започна со паѓањето на хеликоптер во Лондон, во Германија се расправаа за шовинизам, од Австралија го гледавме отвореното првенство во тенис, а Обама чекаше на втората инаугурација.

Твитерот на синот на нарко-босот

Станува збор за синот на вториот човек на Синалоа картелот, моментално најмоќниот и најбескрупулозниот нарко-картел во Мексико. Тоа што по наредба на татко му се убиени илјадници луѓе, не значи дека на 23-години тој нема да се чатали на Фејсбук и Твитер. Се вика Серафин.

Твитер дебаклот на ЈПМорган Чејс

Минатата недела ЈПМорган реши да се социјализира со народот и одлучи на Твитер да го седне потпретседателот на компанијата, Џејмс Ли, за да одговара на прашања. Работата можеше да мине полошо единствено ако во моментот во седиштето на компанијата удреше комета.

Борџии од Твитер

Некои основачи на Твитер ќе земат многу пари. Некои ќе останат со прстот во уста. Додека компанијата излегува на берза проценета на 14 милијарди долари, излегуваат и темни детали од нејзиниот фрапантен раст. Подметнувања, предавства на пријатели, ножеви во грб и слични алатки за постигнување успех.

Финансиска лекција за инженери што ќе добијат многу пари

Твитер деновиве треба да се појави на берза. Ова автоматски ќе значи МНОГУ пари за дел од програмерите и инженерите на компанијата. Свесни дека тоа што луѓето одлично си ја разбираат работата, не значи дека ќе бидат добри со пари, Твитер им организираше предавања на вработените на тема - што да прават кога ќе имаат многу пари.

Твитер Вајбер

Не, нема да го купува Вајбер, туку Твитер ќе се обиде својот систем на приватни пораки да го претвори во посебна апликација за испраќање пораки, како Вајбер.

Кога талентот чини пари

Заменик претседателот за инженерство на Твитер, Кристофер Фрај, во компанијата влегува на почетокот на годината и за тоа добива 10,3 милиони долари, што е повеќе пари од кој било друг вработен со исклучок на ЦЕО-то, Дик Костоло. Зад Фрај со пари се сите останати директори во (CFO, CTO, COO).

Заборавениот ко-основач на Твитер

Ноа Глас е човекот кој заедно со Џек Дорси го основаа Твитер, и човекот кој го смисли името на компанијата. На неколку дена пред излегувањето на берза, проценките се дека Глас од ова ќе заработи помалку отколку сегашната секретарка на Дорси. Џек Дорси ќе добие околу 500 милиони долари.

Од кратенката си патиме

Иако не ниту привремена, ниту наметната референца, една кратенка предизвика сериозна забуна на Њујоршката берза. За нивна среќа целиот проблем се разреши со многу малку посредници и акциски планови.

Лажни твитерџии во фудбалот

За големата популарност на водечките фудбалски екипи во светот не се сомневаме. Но некој ги билда тие бројки на социјалните мрежи на вештачки начин.

Колку заработува Твитер од тебе?

Пред претстојното излегување на берза на Твитер, сите ги интересира колку компанијата во просек заработува по корисник. Твитер не ја објави оваа информација, ама за тоа други му ја пресметаа.

Шпанската полиција известена за судискиот грабеж во Елче

Откако Реал Мадрид победи со контроверзен пенал во 96-та минута на гостувањето кај Елче, шпанската полиција добила стотици пораки за судиски грабеж.