Клубот на изгубените твитерџии

Твитерџиите @moyesy, @rvp и @avb си се здружија со своите маки откако беа нападнати од изгубените ликови на Твитер кои ги помешаа со Мојс, Ван Перси и Боаш.

Во последно време на Твитер многу популарни се @moyesy, @rvp и @avb, но не затоа што им припаѓаат на Дејвид Мојс, Робин ван Перси и Андре Вилаш Боаш, туку затоа што Твитер е полн со идиоти.

@rvp му припаѓа на Индиецот Рави Висвесвараја Прасад кој постојано е бомбардиран со пораки наменети за Робин ван Перси.

@avb е во сопственост на Ешли ван Бурен од Њујорк и оваа девојка беше постојана мета на навивачите на Тотенхем кои ја мешаа со Андре Вилаш Боаш.

@moyesy е Сара Мојс која освен што има исто презиме со Дејвид Мојс, нема ништо заедничко со неуспешниот менаџер на Манчестер Јунајтед. Но Твитерџиите си мислат дека таа му е ќерка и постојано ја напаѓаат со навредливи коментари.

Деновиве на тројцата им дојде преку глава и си се здружија за да си се пожалат.

28 март 2014 - 12:44