Во четвртокот Твитер ја поднесе целата документација потребна за излегување на берза, процедура при која компанијата треба да ја избере и кратенката. Тие ја избраа TWTR, а "излегувањето" го закажаа за 28 ноември годинава.
Сепак во целата галама околу поднесувањето на документацијата, вчера дел од инвеститорите се подадоа и почнаа да купуваат акции од компанијата Tweeter Home Entertainment, која оди со кратенката TWTRQ. Вредноста на акциите на компанијата во текот на денот достигнаа максимален скок од 1.500% а денот го завршија со раст од 684%.
Откако се разбра збрката, веднаш беше прекинато тргувањето со акциите. Се очекува во текот на следната недела вредноста на акциите на TWTRQ да се вратат на старото ниво.