Според истражувањето на сајтот „FutbóFinanzas" вистинските бројки барем што се однесуваат на Твитер профилите на фудбалските гиганти се далеку од реални. Така на пример кај Реал Мадрид со помош на "Fake followers check", е откриено дека само 24% од следбениците се вистински, 28% од нив се со неактивни профили, а дури 48% се лажни.
Тоа значи дека „Кралскиот тим" наместо бројката од 8.992.646 следбеници на Твитер треба реално да изнесува 2.160.000. Дека се работи за некоја внатрешна стратегија на клубот за што поголема промоција и популарност на социјалните мрежи тешко е да се каже, затоа што слична е ситуацијата и кај другите големи клубови.
Кај екипата на Милан, клуб кој во Италија има најмногу следбеници на Твитер 47% се лажни, 31% се неактивни и само 22% се постојани фанови на Твитер. Кај Манчестер Јунајтед фарсата е нешто помала со 34% вистински верни следбеници, 28% профили кои не се активни и 38% лажни.