#твитер

Кејти Пери прва со 50 милиони

До пред некоја година рекордерка беше Лејди Гага, потоа водството го презема Џастин Бибер за да го претрка Кејти Пери и да стане најследената жена на светот.

Овој петок Кејти Перти влезе во историјата на социјалните медиуми станувајќи првата личност со преку 50 милиони следачи на платформата Твитер.

29 годишната поп ѕвезда чиј сингл "Dark Horse" моментално е прв на Билборд топ 100 листата водството го зема од Џастин Бибер кој во 2013-та ја детронизираше Лејди Гага на Твитер, но последниов ноември почна да го губи глобалното водство од Пери.

Тој е сега втор со близу 50 милини следачи. Следи Барак Обама кој има 41 милион следачи а четврта е Гага.

1 февруари 2014 - 13:48