Веста ја пренесува All Things D, а според нивните извори целиот проект треба да биде готов во блиска иднина. Идејата следува по фантастичниот успех на апликации како Вајбер, ВотсАп и Кик, кои успеаа да соберат стотици милиони корисници.
Во изминатиот период Твитер постојано прави промени на системот за пораки како синхронизирање на сандачињата, за да не мора на секој уред да ти покажува дека имаш непрочитани пораки или додавање на нотификација со бројот на непрочитани пораки. Тие неодамна започна и со тестирање на опцијата која има дозволува на луѓето што не ги следите да ви испраќаат приватна порака.
Самиот систем за пораки е еден од сервисите на Твитер кој е генерално запоставен од корисниците и многумина очекуваа дека тој ќе биде укинат со тек на време.