Колку заработува Твитер од тебе?

Пред претстојното излегување на берза на Твитер, сите ги интересира колку компанијата во просек заработува по корисник. Твитер не ја објави оваа информација, ама за тоа други му ја пресметаа.

Твитер објави податоци за тоа колку често корисниците го гледаат тајмлајнот и колку Твитер заработува од секои 1.000 прегледувања.

Одговорот на прашањето од насловот е - 0,55 долари од активен корисник во вториот квартал.

А математиката е следна:

- За вториот квартал од 2013-та тие направиле по 0,80 долари за секои 1.000 прегледувања на тајмлајнот, или 0,0008 долари секој пат кога ќе погледнете во него.

- Во април, мај и јуни има вкупно 150,9 милијарди прегледувања на тајмлајнот.

- Твитер во вториот квартал имал 218,3 милиони активни корисници (луѓе што барем еднаш месечно го користат Твитер).

-----------
 0,0008 долари
х 159,9 милијарди прегледувања
= 120,7 милион долари приходи од реклами

--------

  120,7 мил. долари од реклами
/ 218,3 мил. активни корисници
= 0,55 долари од активен корисник во вториот квартал од 2013.

85% од приходите на Твитер отпаѓаат на рекламите, додека останатите 15% доаѓаат од лиценцирање на податоците што ги собира компанијата.

 

4 октомври 2013 - 09:07