Твитер дебаклот на ЈПМорган Чејс

Минатата недела ЈПМорган реши да се социјализира со народот и одлучи на Твитер да го седне потпретседателот на компанијата, Џејмс Ли, за да одговара на прашања. Работата можеше да мине полошо единствено ако во моментот во седиштето на компанијата удреше комета.

Џејмс Ли

ЈПМОрган се надеваше дека твитерџиите ќе го прашуваат Ли за совети околу тоа како да напредуваат во кариера или за финансиски совети. Публиката која тие ја очекуваа беше генерално студенти.

Меѓутоа корисниците на Твитер имаа друга замисла и целата сесија беше преплавена со гневни прашања и генерално злонамерни шеги насочени кон заменик директорот и компанијата .

Прашањата се движеа од тоа - Колку крв месечно консумираат вашите директори, до дали се чувствуваш лошо што систематски ја поткопуваш демократијата?


 По сето ова, ЈПМорган се премислија:

15 ноември 2013 - 10:55