Судејќи по книгата Hatching Twitter на колумнистот на Њујорк Тајмс Ник Билтон, приказната за Твитер е една од оние "од кал до ѕвезди" приказни која не се темели на брилијантна идеја туку на чиста среќа.
Група социјално неприлагодени дечки во 2006-та се собираат во Сан Франциско за да чепнат нешто од тогашната технолошка треска. Компанијата ја наеркуваат Одео и брзо остануваат без пари.
Една вечер, ко-основачот на Одео, 29 годишниот Ноа Глас му се јавува на Џек Дорси и му ја кажува идејата за платформа на која луѓето ќе споделуваат кратки детали од животот, како "одам да спијам", "слушам тоа и тоа"...
На Дорси кој има проблеми со говорот, идејата му се допаднала, но, не бил одушевен. Потоа Глас кој минува низ развод и осаменост додава уште една идеја: да им се дозволи на корисниците да комуницират меѓусебно.
Оваа двојка успева да заинтересира група луѓе на темава, вклучувајќи го Еван Вилијамс кој претходно му го продава Блогер на Гугл.
Самото име Твитер доаѓа од истиот Ноа Глас.
Меѓутоа, по некое време тој му се доверува на својот најблисок пријател Дорси дека има чувство дека некои луѓе сакаат да го избуткаат од компанијата.
Не знае дека таа игра ја води самиот Дорси кого познавачите го знаат како макијавелист. Дорси на останатите тајно им се има закането дека ќе ја напушти фирмата ако Глас остена во неа, иако пред Глас се прави дека ништо не знае за тоа.
Планот на Дорси успева: Глас е набркан со мала отпремнина и безначајна бројка акции кои подоцна ги продава. Велат, уште се нема опоравено од предавството на своите најблиски колеги.
Дорси е главен извршен но и самиот доаѓа во незавидна позиција, најмногу заради својот нов животен стил полн со спонзоруши, алкохол и забави. Ретко доаѓа на состаноци, на годишнина од Твитер толку се пијани што паѓа на глава и завршува со шиена тимба. Бега од работа за да оди на часови по јога или шиење.
"Можеш да бидеш или шнајдер или главен извршен на Твитер, ама не можеш двете," му соопштува на еден појадок во 2008-ма генералниот директор Вилијамс и му нуди отпремнина од 150.000 фунти, и почесно место во компанијата без извршни функции.
Дорси цели две години ја кова одмаздата и во 2010-та успева да ги убеди ивеститорите да го сменат Вилијамс.
Истовремено, на светот му ја продава приказната дека тој е единствениот сновач на Твитер, компанија која сакаа да ја купат Ештон Кучер, Паф Деди и Ал Гор.
Оди дотаму што на Венити Фер им објаснува дека идејата ја добил уште во 1984-та, што е прилично бесрамна лага со оглед на тоа што тогаш имал само 8 години а и интернет не постоеше.
Уште една од неговите долгогодишни особини е опседнатоста да биде следниот Стив Џобс: го имитира носејќи еднолична облека (во неговиот случај кошула Диор, фармерки и црно сако), експериментира со тркалезни очила и манијакално твита дека и тој ги обожава Битлси.
Да ја скратиме приказната:
Дорси деновиве ќе заработи 500 милиони долари.
Ноа Глас нема да заработи практично ништо.
За начинот на кој успеа Твитер, во ретки моменти на досетливост многу сликовит опис даде Закерберг од Фејсбук:
"Газдите на Твитер довозеа една кловновска кола до рудник за злато и паднаа во него."