Таг: ноа глас

Борџии од Твитер

Некои основачи на Твитер ќе земат многу пари. Некои ќе останат со прстот во уста. Додека компанијата излегува на берза проценета на 14 милијарди долари, излегуваат и темни детали од нејзиниот фрапантен раст. Подметнувања, предавства на пријатели, ножеви во грб и слични алатки за постигнување успех.

Заборавениот ко-основач на Твитер

Ноа Глас е човекот кој заедно со Џек Дорси го основаа Твитер, и човекот кој го смисли името на компанијата. На неколку дена пред излегувањето на берза, проценките се дека Глас од ова ќе заработи помалку отколку сегашната секретарка на Дорси. Џек Дорси ќе добие околу 500 милиони долари.