Таг: сирија

Фудбалски Тел Авив за и против бегалците од Сирија

Голем број навивачки групи ширум Европа кои се за прифаќање на мигрантите убедливо водат против оние за кои мигрантите не се добродојдени.

Во врска со Сирија, Обама успеа да ги пацифицира - Американците

За една интересна оставштина на надворешната политика на Барак Обама. Сегашниот претседател не само што ja преспа моменталната бегалска и цивилизациска криза во Сирија која добива епски размери туку успеа да ги убеди Американците дека немаат никаква вина околу тоа.

Колку чини патот до Европа?

Мазиад Алуш заедно со своите двајца браќа кон крајот на јуни трга од Турција за Европа. За ова, тројцата ги собираат сите пари што ги имаат, мајка им го продава целиот свој златен накит, а татко им ја продава семејната фарма. Тројцата заедно со уште 19 други, во рок од 15 денa стигаат од Турција до Дортмунд.

Народец

25% од испитаниците во првата и 30% од испитаниците во втората, сметаат дека нивните држави се движат во добар правец. Првата е Ирак, втората е  Сирија.

Хуманиот Ерик Кантона за бегалците

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Французинот Ерик Кантона изјави дека е спремен да прими бегалци од Сирија во неговиот дом и дека француската влада се плаши од десницата.

Зошто не беа во право медиумите што не ја објавија сликата од Ајлан Курди

По 4 години војна придружена со сите можни одвратности и илјадници жртви, на светот му требаше фотографијата од 3-годишниот Ајлан Курди за да почне да се ужасува од конфликтот во Сирија.

Знаете кој ви го даде Ајфонот?

Виктор Орбан панично шизи околу муслиманите кои ќе го променат карактерот на Унгарија, во Чешка би бележат како стока, во Грција маскирани и вооружени командоси им ги напаѓат чамците, во Словенија новинар би ги стрелал на граница, во цела Европа по сите линии расте ксенофобија....   

Малото тело со голема порака

Текст кој не е лесно ни да се чита, ни да се преведува со замаглени очи. Истите оние со кои ги гледаме фотографиите поврзани со него, на тој начин учествувајќи во реалноста на една детска смрт, неподнослива за секој кој има душа.  

Сирија, стрипувана

Сè што би требало да знаете за причините за трагедијата на Сирија. А не е за нафта или за религија, туку за она во кое сите по малку учествуваме.

САД се претегнаа околу сириските бегалци

До крајот на оваа година Соединетите држави планираат да примат илјади бегалци од Сирија. Две илјади.

Турска свадба на која биле нахранети 4.000 бегалци

Наместо да ги тераат вообичаените свадбени адети и да ги потрошат парите за веселба на своите пријатели, млада брачна двојка од Турција решиле на својата прослава да ги поканат и бегалците од соседна Сирија.

Голготата на младиот фудбалер од Сирија

По страшното патешествие во кое два пати за малку ќе загинел, малиот Мухамед Џаду се скрасил со татко му и чичко му во германскиот град Оберштауфен каде ќе игра за да добие подолг престој. Се потпишува со топката, велат Германците.

Тие мигранти, а сите ние луѓе

Мигранти мои, сите ве сакам и ви посакувам мирен живот каков што заслужувате. И вие, и вашите дечиња со црни очи, поцрни од вашата раселена судбина.

Сељам алекум. Алекум сељам

Кругот е малечок, а во него е ИСИС

Благодарејќи на Ирак и Сирија Американците моментално се борат против терористи кои се опремени со американско оружје, кое всушност требаше да биде искористено убивање на истите овие терористи.

Нивниот сон

Нивниот сон не е криминал.

Криминал е кршењето на нивниот сон.

Веќе ми е јасно кај тргнале емигрантите, но не ми е јасно кај сме тргнале ние, бидејќи ние, наместо да одиме по зборовите Христови: не прави го на другите она што не сакаш тебе да ти го прават, трчајќи по материјалното, отидовме по ѓаволите.

Ангелите на Асад

Исти се како овие на Викторија, само што имаат бради, мускули и најважно воопшто не се исти како тие на Викторија, ама исто како нив сакаат да позираат и да се сликаат дотерани и средени. Инаку, од страна изгледаат како да не можат да се решат дали сакаат да бидат прототип за "bear porn" или да се пријават на аудиција за бој-бенд.

Умерени до грло

Барак Обама од Конгресот побара 500 милиони долари за вооружување на :умерената" сиријска опозиција. Тоа што поимот умереност обично не го поврзуваме со вооружување, наш проблем.

Зошто Западот дреме околу Сирија?

Јасно е дека Башар ал-Асад успешно продолжува да ја користи стратегијата заради која неговата династија веќе неколку децении е на власт, и покрај тоа што во изминативе 3 години уби десетици илјади Сиријци. Она што не е јасно, е зошто Западот е толку пасивен што остава сето тоа да продолжи.

Колумната на Путин за Њујорк Тајмс

Неодамнешните настани околу Сирија ме натераа да му се обратам директно на американскиот народ и неговите политички лидери. Ова е важно да се стори во време на недоволна комуникација меѓу нашите две општества.

Meтафорите како буре барут

За време на вчерашниот кошаркарски натпревар против Србија можеа да се чујат добро познатите метафори за „оставањето на срцето на теренот", но и онаа за „ранетиот лав", кој ја остварил својата одмазда. Стилските фигури се алатка на поетите, спортските коментатори, но и на политичарите кои почнуваат или спречуваат војна користејќи ги.

Писмена работа: Што правиме со Сирија

Воениот удар на Сирија е одложен колку на Камерон да му се даде фора да си среди по дома. Машинеријата бревта врз основа на многу јак доказ, слушнале телефонски разговор, Израелци им го пренеле. Во меѓувреме, луѓе си пишуваат што мислат дека треба да се прави таму. Имаме фин избор од 6 различни гледишта на ситуацијата. 

Сирија ја чека косовско решение?

Затоа што расправата во О.Н. околу Сирија е на слично ниво како на времето со Србија (САД сакаат да бомбардираат, Русите не даваат да се мрдне), администрацијата на Обама ја разгледува опцијата работата да се заврши со бомбардерите на НАТО. Целата ситуација се вжешти по неодамнешниот хемиски напад во Сирија, слично како што работите во Србија се вжештија по масакрот во Рачак.