Фудбалски Тел Авив за и против бегалците од Сирија

Голем број навивачки групи ширум Европа кои се за прифаќање на мигрантите убедливо водат против оние за кои мигрантите не се добродојдени.

На дуелот против Кирјат Шмона, навивачите на Макаби Тел Авив, клуб кој ќе игра во Лигата на шампионите, истакнаа парола на која пишуваше „Бегалците не се добредојдени“. На тој начин застанаа на страна на оние кои имаат нешто против нивните земји да ги прифаќаат мигрантите од Сирија.

Од друга страна, другите навивачки групи во Израел, пред се главните ривали на Макаби, оние на Хапоел Тел Авив истакнаа парола на која стоеше натпис „Кој не е мигрант овде“? на ебрејски. Макаби во среда игра против Челси во ЛШ.

Пораката на навивачите на Хапоел алудира на многу Израелци кои потекнуваат од семејства на бегалци, а историјата на Израел е полна со прифаќање бегалци од целиот свет. 

„Кој не е мигрант овде?“, порака од навивачите на Хапоел Тел Авив

Во меѓувреме Бенјамин Нетанјаху, премиерот на Израел изјави дека неговата земја нема да ги прифати сиријските бегалци, но ќе помогне на секаков друг начин и ќе пружа медицинска помош и поддршка на повредените и ранетите во граѓанската војна. 
 
Во Англија, Арсенал се приклучи на хуманитарните акции за помош на бегалците. Топџиите решија да одвојат по една фунта од секоја продадена влезница како донација за Сиријците.
„Околностите се навистина жални и мило ми е што нашиот клуб ќе им помогне на бегалците во намерата да се сместат во земјите каде што доаѓаат без ништо. Ќе дадеме по една фунта од секоја продадена карта на мечот против Стоук и ако секој учествува како нас, мислам дека може да дадеме многу голема поддршка“, изјави Арсен Венгер.
Во меѓувреме Баерн Минхен и Селтик се приклучија на акцијата со едно евро од продадени влезници за помош на бегалците.