Македонската фудбалска репрезентација, новиот квалификациски циклус за ЕУРО 2016 го започнува на 8 септември на Местаља. Шпанскиот селектор Висенте Дел Боске во составот не ги повика Фернандо Торес, Хуан Мата и Жерар Пике, додека Чаби Алонсо и Чави Хернандез се тазе повлечени од националниот тим.