Година за заборав на Црвената Фурија

Шпанците во 2014. година влегоа како газди во европскиот и светски фудбал, но за само 12 месеци го загубија епитетот најдобра фудбалска репрезентација. Против Германија лошо деби имаше голманот Касиља.

За селекторот Висенте дел Боске сè тргна по лошо во Бразил, кога во јуни, Холандија ги декласираше 5:1 во натпревар од групата. Следуваше пораз и од Чиле 2:0 исто во Рио де Жанеиро и од тогаш почнаа слабите настапи. Во следните пет месеци, Шпанија губеше од Франција, Словачка, Германија и за прв пат од 1991. година во една сезона имаат 5 порази. Избраниците на Дел Боске вкупно во 2014. година имаат 7 победи и 5 порази.
 
Шпанија годинава ги победуваше Боливија, Ел Салвадор, Македонија, Австралија, Луксембург и Белорусија. Црвената фурија сезонава даде 22 гола а прими 12. Педро и пензионираниот Давид Виља се најдобри стрелци годинава со по 3 гола. На местото од Чави и Чаби Алонсо, дојдоа Иско и Иљараменди, фудбалери на Реал Мадрид.

Откако Висенте Дел Боске е селектор, за шпанската репрезентација дебитираа 54 играчи, вклучувајќи ги и вчерашните настапи на Нолито од Селта Виго, Игнацио Камачо од Малага и Франциско Кико Касиља, голманот на Еспањол.
 
Поради повреда, Давид Де Хеа не беше викнат во репрезентацијата, а Касиља влезе во 77. минута наместо капитенот Касиљас. По неговата грешка, Германија поведе и победи 1:0 во 89. минута. Деби за заборав на Кико Касиља и година за заборав на Шпанија.
 
19 ноември 2014 - 12:56