Цените за квалификацискиот дуел за ЕП 2016 кој се игра на 8 септември на арената Филип Втори на изненадување на јавноста ќе се движат од 150 до 400 денари.
За Источната и Западната трибина ќе изнесуваат по 150 денари, а за Северната и Јужната по 300. Само мал дел од влезниците за двете најголеми трибини ќе пуштат по цена од 400 денари.
ФФМ за сега нема објавено кога ќе ги пуштат во продажба, но на својот веб сајт напишаа дека според одлуката на управниот одбор на ФФМ, овие цени ќе важат само до 25 август.
Овие цени се изненадување, затоа што кога Англија гостуваше во Скопје најевтините карти беа 1.000 денари.