Ла Роха Против Совјетите
Шпанија одиграла 37 натпревари против поранешниот СССР или против републики од Советскиот сојуз. Црвената Фурија има 30 победи, шест нерешени и само еден пораз од СССР 2-1 во Москва на 30 мај 1971 година.
Шпанија и Украина играле три пати, два пати во квалификации за ЕП и еднаш во групна фаза на Мундијалот во Германија 2006. Шпанците победија 2-1 во Елче во 2003 и 4-0 во Лајпциг 2006, а во Киев заврши 2-2.
Севиљскиот берберин
Севиља е таличен град за шпанската фудбалска репрезентација, која таму играла 44 натпревари. Шпанците во Севиља имаат 36 победи, 5 нерешени и три порази (1-2 од Франција во 1991, 0-2 од Аргентина во 1999 и 1-2 од Холандија во 2000).
144 месеци без пораз на домашен терен во квалификации
Црвената Фурија на домашен терен не загубила квалификациски натпревар цели 12 години. Последниот пораз го доживеале од Грција на Ла Ромареда во Ла Коруња на 7 јуни 2003 година. После тој пораз, Шпанија има 25 победи и четири нерешени во квалификациски средби играни во својата земја.
По дебаклот од Холандија на СП во Бразил, Шпанија загуби пет од последните девет натпревари. Пред поразот од Холандија, Шпанците немаа пораз на 51 натпревар во сите натпреварувања.
Воениот конфликт не го засега фудбалот
Украина како независна држава дебитираше пред 23 години, против Унгарија во градот Ужгород. Украинците тогаш на 29 април 1992 година загубија од Унгарија 1-3. Од тогаш до денес, жолто-сините одиграле 216 средби. Имаат 95 победи, 62 нерешени и 59 порази.
Земјата зафатена со воен конфликт ги живее најдобрите фудбалски моменти во историјата. Украинците загубија само два пати на последните 21 натпревари, против Франција 3-0 во реваншот од баражот за СП и против Словачка 0-1 во тековните квалификации.
Од 24 фудбалери на списокот на селекторот Дел Боске, деби во Севиља имаше Џерар Пике на 11 февруари во 2009 година против Англија 2-0 (Виља и Љоренте).
Баба Марта е среќна за Шпанија
Во месец март Шпанија одиграла 23 натпревари и има 18 победи, четири нерешени и еден пораз. Единствениот пораз за Фуријата во март се случи пред 13 години. На 27 март во 2002 година, Шпанците загубија 1-0 од Холандија во Ротердам.
Икер Касиљас вечерва би можел да стане првиот шпански фудбалер со 100 натпревари (без пријателски).
Со Витоло, Асенхо и Хуанми, бројот на играчи повикани откако Дел Боске е селектор се искачи на 83. Од 75 фудбалери, дури 54 дебитирале кај Дел Боске. Од Барселона, за Шпанија со Дел Боске играле 15 фудбалери, од Валенсија 11, а од Атлетико и Реал Мадрид по 8.
Во меѓувреме Шпанците на трениг покажаа што знаат. Акција на Педро, Иско и Мората:
Во групата Ц вечерва од 20:45 играат: Македонија - Белорусија, Шпанија - Украина и Словачка - Луксембург. Типувајте ги на Типстер.
Табела
1. Словачка 12
2. Шпанија 9
3. Украина 9
4. Македонија 3
5. Белорусија 1
6. Луксембург 1