Таг: русија

Кругот на Путин

Во март, САД ја ставаат Банка Русија на списокот за санкции. Инспирирани од ова Русите прво трансакциите од пазарот за струја ги префрлија да одат преку оваа банка (околу 2% БДП-то), а потоа истото го направија повеќе државни корпорации, локални власти, па дури и Црноморската флота во Крим. Русите намерно префрлија дузина вносни сметки во малата банка, ама и Американците не ја одбраа случајно баш неа.

СиЕнЕн заминува од Русија

До крајот на годинава СиЕнЕн ќе го прекине емитувањето на кабелска и сателитска телевизија низ цела Русија заради сите промени кои се воведуваат со новите закони за медиуми во земјата.

Путин: Заврши времето за играње

Најголемиот дел на публиката од неанглиско говорно подрачје го пропушти говорот на Путин на Валдај конференцијата во Сочи пред неколку денови, а најверојатно тие од вас што слушнале за говорот немаа шанса да го прочитаат, и ја пропуштија неговата важност. Западните медиуми дадоа се од себе да го игнорираат или да го извртат неговото значење.

Претопение грешних

Разјарен мажјак сред својот ритуал за потрага на партнерка за парење, одеднаш соочен со еден од своите ретки природни предатори - женско со прашање што боли.

Државниот удар на Путин

Украина беше за Путин, тоа што Аустерлиц беше за Наполеон, и падот на Париз за Хитлер, моментот кога конечно се' беше централизирано во неговите раце, објаснува поранешниот полски министер за надворешни работи, Радек Сикорски.

Кога навивачите на Звезда се поголеми Руси од Русите

На 5. септември Спартак Москва доби нов стадион, а на отворањето гостуваше белградска Црвена Звезда. Со нив дојдоа и Делиите.

Како Солжењицин го најави Путин пред 25 години

Доколку Кремљ и Путин ја водат својата политика врз основа на гледиштата на нобеловецот Александар Солжењицин, тогаш источна Украина е само првиот чекор во создавање нова, поголема Русија.

Новите стадиони како бели слонови

Светската фудбалска куќа ѝ предложи на Русија да не гради многу стадиони за Светското првенство кое во оваа земја треба да се одржи за четири години. Русите планираат планетарното фудбалско збиднување да се игра на 12 стадиони во 11 града.

Бугарите да престанат да се глупираат со советските споменици

Откако уште еден советски споменик сред Софија беше урнисан со графити и боја, Москва и најофицијално побара од Бугарија повеќе да се потруди во спречување на вандализмот на советските споменици и да зачисти.

Украина не може да се помири за клубовите од Крим

Фудбалската федерација на Украина побара од УЕФА и ФИФА да го казни Рускиот фудбалски сојуз кој си присвои три клубови.

Што ќе јаде Русија?

Санкциите што Русија ги воведе на Западот, ќе влијаат на 10% од снабденоста на Русија со свинско, риба и овошје, барем според министерот за земјоделие. Од друга страна, според официјални бројки Русија минатата година увезе храна во вредност од околу 43 милијарди долари, третина од вкупната потрошувачка.

Другиот притисок врз Путин

И покрај тоа што изгледа крајно рамнодушен додека на Русија постојано и се крчкаат и воведуваат нови санкции, Путин дома мора редовно да ги смирува олигарсите кои најмногу страдаат од овие санкции. И ова е лесниот дел од работата.

Проруските клубови од Украина ќе играат во руската лига

Претседателот на руската фудбалска унија (РФУ), Николај Толцик изјави дека е можно фудбалските клубови од Крим, полуостровот споен со Русија, да заиграат во руското фудбалско првенство.

Две мапи во корист на Путин

Во март кога Русија го анектираше Крим, ЕУ и наметна санкции на земјата. Кога пред неколку дена беше соборен малезискиот авион, ЕУ најави уште посилни санкции. Во исто време Русите и понатаму не изгледаат како да паѓаат на овие закани.

Безобразна руска азбука од 1931

Познат скулптор, кој на времето изработувал споменици на Сталин, сакал да се релаксира и со малку понакви теми. Еротската азбука која ја исцртал не е за деца, но кај повозрасните може да ја поттикне заборавената страст за читање, па макар и со прст, со подзастанување на секоја буква.

Право на непоминување

Русија. Семафори. Црвено. И ништо не е како што си замислуваш. Ова е еден од примерите кога упорноста не се исплати.

Не и личи некако

Сосема неочекувана сцена на кошаркарски натпревар за жени, на кој симпатичната Русинка Илона Костин прави намерен неспортски фаул.по што ја праќаат порано под туш.

Јавноста обожава да пие нафта

Големците на ЕУ деновиве го потпишаа договорот со Украина кој беше повод за целата криза во земјата. Европа прогласи историска победа повторувајќи дека се можни санкции кон Русија. Во позадина, Бритиш Петрол и рускиот нафтен гигант Роснефт најнормално потпишаа долгорочен договор за соработка тежок милијарди долари.

Историско осминафинале за Алжир

Крај на возбудувањата од групната фаза на Мундијалот во Бразил. Осум американски, шест европски и две африкански селекции ќе ја имаат честа да ги бранат боите на своите земји во топ 16 фазата.

Џокерот на Капело ја спаси Русија од пораз

Репрезентациите на Русија и Јужна Кореја го комплетираа првото коло од 20 Светско првенство во Бразил со конечни 1:1.

Што можеш да направиш во Русија со 90 милиони долари?

Одговорот е - околу 2 километра автопат, и тоа според официјални документи на владин тендер за реконструкција на патиштата низ земјата.

Даночно олеснет Депардје

Од потенцијалните 75% данок што требаше да ги плати во родна Франција, Депардје годината ја заврши со само 6% данок во посвоена Русија.

Ништо руско да не припари во ЕУ

Како што малку попушта студот, така ЕУ почнува да изгледа како некој што сака да преземе нешто против Русија заради нејзиниот излет во Украина. Списокот на работи кои ЕУ планира да ги забрани за увоз во Унијата, изгледа како на Гугл да побарале листа на клучни зборови кои се поврзуваат со Русија.